Срцевиот удар најчесто се најавува еден месец пред да настапи, а некои симптоми можете да ги воочите и шест месеци претходно.
Умор
Невообичаениот умор е еден од главните симптоми што укажуваат на можниот срцев удар. Кај жените почесто се јавува овој симптом отколку кај мажите.
Опис: Физичката или ментална активност не е причина за вашиот умор кој се зголемува до крајот на денот. Овој симптом е прилично јасен и не може да помине незабележан. Понекогаш е многу исцрпувачки да се завршат едноставните задачи, како што е местењето кревет или туширањето.
Болка во стомакот
Болките во стомакот, мачнината во желудникот и чувството на подуеност се некои од најчестите симптоми. Подеднакво често се јавуваат и кај жените и кај мажите.
Опис: Болките во стомакот пред срцев удар се со епизодна природа, исчезнуваат и се враќаат во краток период. Физичкиот напор може да ги влоши.
Несоница
Несоницата е исто така поврзана со зголемениот ризик од срцев или мозочен удар, а почеста е кај жените. Несоницата често вклучува и високо ниво на анксиозност и отсутност.
Опис: Симптомите вклучуваат потешкотии со заспивањето, проблеми со одржувањето на сонот и будење рано наутро без аларм.
Краток здив
Краткиот здив е силно чувство дека не можете да вдишете длабоко. Често се јавува кај мажите и жените до шест месеци пред срцевиот удар.
Опис: Чувството е како да не можете да земете доволно воздух, се јавуваат и вртоглавици.
Опаѓање на косата
Губењето на косата се смета за уште еден видлив показател на ризик од срцеви болести. Најчесто се јавува кај мажите, но и кај некои жени. Ќелавоста исто така е поврзана со зголеменото ниво на хормонот кортизол.
Опис: Обрнете внимание на губењето влакна од самиот врв на главата.
Нерамномерен пулс
Аритмијата често е придружена со панични напади и анксиозност, особено меѓу жените. Се јавува неочекувано и во две форми: аритмија (неправилна срцева фреквенција) и тахикардија (зголемено срцебиење).
Опис: Неправилното срцебиење трае 1 до 2 минути. Ако не поминува, чувствувате вртоглавица и екстремен умор, веднаш побарајте лекар.
Прекумерно потење
Необичното или претераното потење е ран знак за можен срцев удар. Може да се случи во кој било период од денот или ноќта. Овој симптом почесто влијае на жените и обично се меша со топлите бранови и ноќното потење кои се типични за менопаузата.
Опис: Симптомите се слични на грип, влажна кожа или потење што се јавува без оглед на температурата на воздухот или телесното напрегање. Потењето е зголемено навечер и постелнината е влажна по будењето.
Болка во градите
Мажите и жените имаат болки во градите во различни интензитети и облици. Кај мажите овој симптом е еден од најважните рани знаци на срцев удар што не смее да се занемари. Се јавува само кај 30% од жените.
Опис: Болката во градите може да се прошири како непријатно чувство во една или двете раце (најчесто левата), долната вилица, вратот, рамената или стомакот. Може да има траен или привремен карактер.