Промената на животиот стил и воведувањето здрави животни навики за голем број луѓе претставува голем предизвик, а една од најтешко усвоените навики е вежбањето. Стручњаците истакнуваат дека вежбањето многу полесно ќе го воведете во вашиот живот и секојдневие ако секогаш вежбате во исто време од денот. Научниците откриле дека луѓето кои секогаш вежбаат во исто време од денот, многу полесно вежбањето го вовдеуваат во секојневието, вежбаат почесто и веќе после еден месец вежбањето им станува рутина.
На пример, некои луѓе вежбаат на крајот од работниот ден. Тие завршувањето на работното време го поврзуваат со почеток на времето предвидено за вежбање. Некои луѓе вежбаат на самиот почеток од денот и ѕвонењето на будилникот нивниот мозок автоматски го прецепира како сигнал дека е време за вежбање.
Истражувањата покажале дека во просек е потребно еден месец да се повторува одреден образец на однесување, како што е вежбањето, за да тоа однесување стане автоматско, односно навика. Што се однесува на вежбањето, многу е важно да одберете активности во кои уживате.
Телото сака рутина, колку и вие да сакате да избегате од неа. Промената на рутината има смисол само тогаш кога веќе губите интерес за вежбањето кое е веќе подолго време неизоставен дел од вашиот живот. Тогаш е потребно да се промени видот на вежбање или времето на вежбање.