Многу е важно домашната аптека да ја обезбедиме со најприордниот извор на здравје, квалитетен мед. Неговата лесна достапност на пазарот често го доведува во прашање квалитетот, па од голема помош е да ја знаеме разликата помеѓу природниот и лажниот мед.
Иако само со детална анализа може да се провери вистинскиот состав на медот, постојат и некои тестови кои помагаат да го одгатнеме потеклото на овој чудотворен извор на здравје.
- Читање на составот напишан на теглата од медот е првиот чекор кој помага во избор на квалитетен чист мед кој во себе не содржи адитиви. Прозиведувачите мораат да го назначат составот на медот и неговиот процент во количината.
- Природниот мед не е леплив, тестирањето е можно ако малку мед протриете меѓу прстите. Природниот мед би требало да се впие во кожата. Доколку масата со триење стане леплива значи дека тој мед содржи шеќер или вештачки засладувачи.
- Неколку лажици мед ставете во сад и загрејте го на висока температура во миркро печка. Вистинскиот мед ќе карамелизира, додека лажниот ќе стане пенлив и полн со меурчиња.
- Неколку капки мед капнете на хартиена салфетка. Доколку медот после некое време не продира низ хартијата значи дека е чист. Во спротивно медот кој содржи вода во својот состав ќе продре низ хартијата после неколку секунди.
- Трикот кој го користат пчелите во одбрана од непожелни гости во својата кошница, како што се мравките, е сигурен тест за исправноста на медот. Така, ставете малку мед во близина на мравки, доколку е природен мравките ќе го заобиколат.
- Водата измешана со чист мед е најлесен индикатор за составот на медот. Чистиот мед во вода ќе се згрутчи и ќе падне на дно од чашата, додека лажниот ќе почне да се топи.
- Боцкање во устата и чувство на воспаленост на јазикот предизвикува чистиот мед, додека лажниот нема таков ефект врз непцата.
- Намачкајте мед на парче леб. Под чистиот мед лебот ќе стане тврд, додека лажниот мед ќе го навлажни лебот заради водата во неговиот состав.
- Промешајте малку мед со жолчка. Ако е медот чист, кога ќе ја изматите жолчката, ќе изгледа како да е варена.
- Чистиот мед со тек на време кристализира, а лажниот постојано ја задржува течната состојба како сируп.