Се смета дека вирусот се пренесува преку воздух ако може да го фатите од вдишување на аеросоли од воздухот – без некој директно да се искашла на вас (аеросолите се честичките на плунката и слузта што ги испуштате кога зборувате, кивате, кашлате, па дури и се смеете). Ова може да се случи ако заразено лице кашла во затворен простор и потоа продолжи понатаму, оставајќи зад себе невидлив облак на вирусни честички што некој потоа може да ги вдише. Во зависност од различни фактори, како што се големината на вирусните честички и обемот на капките , овие аеросоли можат да лебдат во воздухот неколку минути до часови.
Кога станува збор за КОВИД-19, научниците знаат дека вирусот се шири првенствено преку капки – аеросолите што ги вдишувате директно од заразено лице одблизу, како на пример кога кашлаат или киваат. Во ова сценарио, лицето кашла, заразените капки му се приближуваат на вашето лицето, по што вие го вдишувате вирусот со следниот ваш здив. (Може ли да го избегнете ова со тоа што веднаш ќе го задржите здивот, ќе ја свртите главата и ќе се повлечете? Можеби. Тоа е добра стратегија која може да ја пробате.)
Истражувачите сè уште со сигурност не знаат дали КОВИД-19 се шири преку воздухот, но тие знаат дека носењето маска може да помогне да се насочат сите заразени аеросоли кон подот за да ги спречат да висат во воздухот – и потенцијално да заразат луѓе.