Дали е безбедно на базен во време на КОРОНА?

Подготвени да се нурнете во летната сезона за пливање, или, мислата за базен полн со потенцијална зараза од  КОВИД-19 ве тера да се препотите?

Додека државите почнуваат да ги отвораат базените, многумина се прашуваат дали е безбедно да се вратиме во водата. Центарот за контрола и превенција на заразни болести во Америка вели дека правилно одржуваниот базен со употреба на хлор или бром е безбеден.

„Навистина нема докази дека КОВИД-19 може да се шири низ вода во базени или топли кади“, вели д-р Грант Балдвин, ко-лидер на интервенциите во Центарот за контрола и превенција на заразни болести во Америка и Работната група за ризици, реакција против КОВИД-19. „Правилното работење и дезинфекција на околината во базенот треба да го убијат вирусот.“

Многу истражувања објавени на интернет споделуваат податоци за однесувањето на коронавирусот во водени средини кои исто така потврдуваат дека КОВИД-19 не се шири во неа.

Но, пред да ја зграбите облеката и да скокнете во базенот, запомнете базен без вируси не значи сезона за пливање без ризик. Сè уште може да го фатите КОВИД-19 од допирање на загадена површина или преку контакт со заболено лице.

„Ако сте блиску до некој и тие кашлаат, киваат или врескаат пред вас и има замена на респираторните капки, тоа ќе ве доведе во опасност“, вели Болдвин. „Но, тоа не е затоа што сте во хлориран базен, тоа е затоа што не одржувате социјалното дистанцирање.“

 

Пред да одиш на базен

Кога одлучувате што е безбедно, а што не за вашето семејство ова лето, Болдвин предлага да си поставите некои основни прашања поврзани со КОВИД-19.

  • Дали сте или некој што живеете со вас е над 65 години или имате ризик од тешка болест? Ризикот од сериозна инфекција од КОВИД-19 се зголемува со возраста и одредени медицински состојби.
  • Дали вие и оние со кои комуницирате, ги следите истите чекори за да спречите инфекција, како што се носење маски и миење раце?
  • Дали активноста ќе ве стави во близок контакт со другите? Ако е така, дали можете да одржите 2 метра на социјална дистанца на разумен начин?
  • Избегнувајте споделување на артикли, но доколку треба, дали сте подготвени да ги исчистите и дезинфицирате помеѓу секоја употреба?
  • Кое е сегашното ниво на распространетост на КОВИД-19 во вашата заедница? „Колку е пониско нивото на пренесување во заедницата, толку е побезбедно да излезете“, вели Болдвин.

Додека сте таму

Вашата торба за на базен треба да има поголем количина дезенфициенс за раце и посебни шишиња за пиење за сите што сте таму, посебни крпи, играчки, очила и пловки за секого посебно. И да, заштитни маски за лице, но, со претпазливост!

Како да се деконтаминираме кога доаѓате дома

Искористете ги овие мерки на претпазливост ако поминавте време надвор од дома, потенцијално изложувајќи се на КОВИД-19.

За нас

Одредени маски, како оние што се користат при нуркање, се направени за вода. Всушност, некои научници потврдуваат дека овие маски за нуркање можат да ги користат како заштитна опрема за здравствените работници. Но, маските од ткаенина и пливањето не се мешаат. ЦДЦ вели дека никогаш не треба да носите маска од ткаенина додека сте во вода. Маската од ткаенина станува тешка кога е влажна, а тоа го отежнува дишењето.

Носете маска кога сте на суво, влегувате во тоалети и други јавни згради или комуницирате со други кога не сте во вода.

Болдвин ги охрабрува посетителите на базените да одржат 2 метри на социјално дистанцирање во и надвор од базенот. Не сте сигурни колку е премногу близу? Користете смока за во базен како груб водич.

Откако ќе заминете

Додека хлорот се чини дека го деактивира коронавирусот, натопувањето во базен не го заменува доброто старомодно миење на рацете. Откако ќе го напуштите базенот, измијте ги рацете со сапун и вода 20 секунди или користете дезинфециенс за раце што содржи најмалку 60% алкохол. Исчистете и дезинфицирајте ги сите играчки за базент, столчињата и друга опрема што сте ја донеле со себе.