Што сакаат да ни кажат децата

Сакајќи да им помогнат на рдителите и да ги советуваат како да ги усовршат своите родителски вештини, руските детски психолози и педијатри од таканаречената стара школа, толкуваат како децата реагираат на родителите и нивното однесување кон нив. Ова е нивната листа на совети кои секој родител би требало да ја прочита, убаво да ги запомни и уште поважно – да ги примени. Листата е замислена како обраќање на петгодишно дете кон својот родител:

  1. Немој да ме разгалиш, знам дека не си обврзан да ја исполниш секоја моја желба.
  2. Не се плаши да зборуваш со мене отворено.
  3. Не дозволувај да стекнувам лоши навики – одвикнувањето од нив ќе ми биде уште потешко.
  4. Не прави да почувствувам дека моето мислење не е важно, во тие моменти нема да се однесувам добро. Тоа би требало да го знаеш.
  5. Не ме поправај во присуство на други луѓе. Многу подобро ги усвојувам работите кога ќе ми ги кажеш очи во очи.
  6. Не прави своите грешки да ги доживувам како страшни престапи.
  7. Не штити ме постојано од последиците на моите постапки. Треба да научам дека за секоја акција постои реакција.
  8. Не обрнувај внимание на моите задевања. Некогаш едноставно сакам да зборувам со тебе.
  9. Не се навредувај кога ќе речам дека те мразам. Не те мразам, туку само се бунтувам против твојата власт.
  10. Не повторувај се по сто пати, инаку ќе се правам дека не те слушам.
  11. Не ми давај нереални ветувања. Ќе ми биде тешко ако не ги исполниш.
  12. Не заборавај дека сеуште не можам потполно да објаснам што чувствувам.
  13. Не ја барај од мене вистината кога се лутиш, од страв може да те излажам.
  14. Немој да бидеш непостојан/а, тоа ме расипува.
  15. Не ги оставај моите прашања без одговор. Јас секако ќе ги побарам одговорите, ако треба и на друго место.
  16. Не вели дека моите стравови не се важни. За мене се многу важни, не се мали и стануваат поголеми кога ти тоа не го разбираш.
  17. Не се прави дека си совршена личност која не прави грешки. Многу тешко ќе ми падне кога ќе сфатам дека не е така.
  18. Немој да мислиш дека е недостоинствено да ми се извиниш. На тој начин ме учиш и мене така да се однесувам.
  19. Не заборавај дека јас брзо растам. Ќе мора често да се прилагодуваш.
  20. Немој да ми забрануваш да експериментирам. Без тоа не можам да се развивам.
  21. И, на крај, запомни дека јас не можам да израснам во среќен човек ако дома не ме сакаат многу, многу, најмногу. Но тоа веќе го знаеш.