Киселини во желудникот

Киселините во желудникот е термин кој се употребува во општата популација, а се однесува на лошо варење на храната кое се опишува како чувство на подуеност и нелагодност во горниот дел на стомакот. Киселини во стомакот претставува вишок на дигестивни сокови во желудникот помеѓу кои најважна е хлороводородната киселина (солна киселина). Симптоми на лошото варење се многу бројни, дигестивни сокови можат да преминат во хранопроводот предизвикувајќи подригнување со киселини во устата, горуштица, гадење. Исто така е познато и како диспесија(и постои и дисепсија без киселини), сосема чест симптом кој може да биде предизвикан од многу состојби и самата појава не е болест. Некои истражувачи тврдат дека горуштицата и лошто варење се тесно поврзани, други пак ги разгледуваат одвоено.

Најчести симптоми на диспесијата се: болка во стомакот, горуштици или киселини, подуеност, подригнување на гасови, храна, киселини во устата, гадење со или без повраќање, вкус на киселина во устата, нелагодност во желудникот, констипација(запек) или дијареја, и зголемен апетит.

Лошото варење е симптом на многу различни состојби. Обично е резултат на функционален проблем(потешкотија во варењето на храната или киселини во желудникот). Оваа дисфункција на гастринтестиналниот систем може да биде причинета најчесто од некои заболувања, лекарства или животниот стил. Заболувања или состојби кои предизвикуваат ложо варење вклучуваат: чир на желудникот и дванаесет палачно црево; ГЕРБ(гастроезофагеална рефлуксна болест); езофагитис; хијатална хернија; камчиња во жолчката; бременост(особено доцна бременост); воспаление на панкреасот(акутен или хроничен панкреатит); акутно или хронично воспаление на желудникот; инфекции на стомакот или труење со храна; синдром на иритабилен колон; заболување на тироидната жлезда; гастропареза(состојба честа кај луѓе кои страдаат од дијабетис, а претставува неадекватен мотилитет на желудникот); алергии на храна или нетолерабилност на лактоза; депресија; или карцином на желудникот(ретко).

Медикаменти кои можат да доведат до диспепсија: ацетилсалицилна киселини и многу други лекови за болка како што се нестероидните антиинфламаторни лекови; стероиди(како prednisone, methylprednisolone); естрогени; антибиотици(како erythromycin и tetracycline); медиканети за тироидната жлезда, за хипертензија, регулирање на холестеролот(статини); и лекови за болка(codeine и други наркотици).

Животни стилови кои можат да допринесат за ложото варење се прејадувањето, јадење брзо, јадење мрсна и/или зачинета храна; прекумерено конзумирање на алкохол; пушење; стрес, замор и анксиозност; кофеин; и модерирана или интензивна физичка активност веднаш после јадење.

Третман на киселините во желудникот можете да го третирате и сами во домашни услови. Лошото варње е симптом на други состојби, третманот обично зависи од причината. Кога причините доагаат од животниот стил, промени во истиот ќе доведе до намалување на симптомите.  Лекови кои ќе ви ја намалат болката вклучуваат: антациди и блокатори на киселина(како ranitidine и omeprazole). Други лекови кои би помогнале во олеснување на симптомите се: да исбенувате да лежите на рамно, бидејќи ова ќе ви ги влошува симптомите; пијте млеко или вода за да ја намалите киселоста во стомакот. Доколку лошото варење е резултат на прекумерени киселини во стомакот, чиреви, ГЕРБ, езофагитис, или гастритис, вашиот лекар ќе ви препише силни блокатори на протонска пумпа како omeprazole, lansoprazole, rabeprazole, pantoprazole, или esomeprazole. Комбинација на антибиотици и блокатори на протонска пумпа ке ви бидат препишани во времетраење од неколку месеци доколку станува збор за инфекција со Хеликобактер пилори(Helicobacter pylori). Во зависност од причината ке ви биде дадена соодветна терапија. Но сепак мора да следат промени во животниот стил.

Превенција и Препорачан третман:

  1. Не прејадувајте се.
  2. Земајте големи дози чист Алое Вера гел. Тој ја неутрализира киселината и го регулира нивото на Ph.
  3. Алфалфа (Зелени таблети со хлорофил, алфалфа, хромпиколинат и др.). Алфалфа помага поради својата голема алкалност.
  4. Ѓумбирот е исто так од голема корист во ресорбирањето на стомачните киселини. Во исхраната вклучете и алкалниа храна како што се урми, папаја и печени јаболки.
  5. Сокот од компир е ефективен против киселини. (исцедете малку сок од компир во вода, оставете го да преноќи и испијте го следниот ден со сок од алое вера)
  6. Не легнувајте веднаш после јадење бидејќи така желудочните сокови ќе преминат во хранопроводот и грлото. Ако лежите, држете ја глават подигната. Се препорачува да не легнувате барем 2.5 часа по јадењето.
  7. Исфрлете ги продуктите кои предизвикуваат киселини: напитоци со кофеин како кафе, чај, кола итн. Избегнувајте и лути пиперчињња, црн пипер, какао, црвено месо и тестенини. Исто так избегнувајте цигари и газирани пијалоци бидејќи тие го надувуваат стомакот и долниот дел на хранопроводот.
  8. Не конзумирајте пржени и масни јадења.
  9. Елиминирајте го стресот и анксиозноста од Вашиот живот бидејќи ова е една од главните причини за појава на киселини, гастрит и чирови.
  10. Ладни влажни крпи на стомакот по јадење помагаат во намалувањето на киселините и дискомфорот.
  11. Прекинете да пушите и да пиете алкохол.

Ако не се обрне внимание на овој проблем, може да дојде до појава на посериозни компликации. Не заборавајте дека киселините во желудникот и другите пропратни проблеми се симптоми, а основната причина за нивна појава е друга.

МНОГУ ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА! Пред оброк, јадете го најпрвин овошјето и соковите, а потоа причекајте да се сварат (30 минути). Ако јадете овошје после оброкот тоа не може брзо да се свари и ќе почне да ферментира, предизвикувајќи проблеми во варењетои појава на киселини.

ВНИМАНИЕ! Ако ги имате следниве симптоми заедно со киселини: гадење, вртоглавица, повраќање со крв, болка во градите која се шири во вратот и рацете, консултирајте се со Вашиот лекар.