Сѐ почнува од страста: Секоја врска има 5 нивоа, а до кое ниво сте вие?

Секоја врска се состои од неколу фази. Сѐ почнува од страста, до затишје и раѓање нова љубов. Некои парови можат да поминат низ сите пет нивоа и да ја спознаат вистинската љубов, додека повеќето од нив застануваат на третото и одлучуваат да се разделат наместо да продолжат понатаму.

Прво ниво – вљубување

Ова е првото ниво на таканаречената љубов во кое дури не ја ни познавате довлоно личноста, а вљубени сте во неа. Тоа се случува бидејќи сте занесени од привлечноста на таа личност. Се фокусирате на нејзините квалитети и внимателно ги бележите. Верувате дека љубовта е вечна? Внимателно! Не е злато сѐ што сјае. Ова е вториот дел од првото ниво кога мислите дека човекот пред вас е најдоброто нешто што ви се случило. Размислувајте и не избрзувајте.

Второ ниво – пар

Љубовта се продлабочува, се чувствувате позаштитено и разгалено и јасни ви се причините заради кои вашата љубов ќе опстане и ќе трае засекогаш. Можеби немате див секс, но тој е многу задоволителен. Се чувствувате толку ценето и мислите дека виде двајца сте единствените луѓе на светот.

Трето ниво – почеток на крајот

Во ова ниво сѐ изгледа катастрофално погрешно. Како нешто да се сменило, вашата врска почнува да се гаси. Малите работи почнуваат да ви пречат, чувствувате како да сте опкружени со проблеми. Почнувате да расмислувате дали е добра идеја да останете во врската и да се обврзете само на една личност. Затоа е точна прочуената реченица “кога одите низ пеколот, не застанувајте”. Само ако се придвижите малку нанапред и ги решите своите проблеми, ќе можете да продолжите понатаму со својата врска.

Четврто ниво – креирање вистинска љубов

Во ова ниво се опоравувате од проблемите и доаѓате до суштината на на нештата кои ги предизвикуваат тие проблеми. Партнерот ве сака заради тоа што сте и се обидува да ве прифати на сите можни начини. Тој го разбира вашето понекогаш лошо однесување кое е тука не заради тоа што вие сте лоши или не го сакате, туку заради тоа што можеби сте биле повредени во минатото.

Петто ниво – моќ на љубовта и партнерството

Сакате да ја насочите вашата заедничка моќ за да го промените светот. Заедно сакате светот да го направите подобро место за сите. Луѓето кои успеале да дојдат до ова ниво се вистински среќници. Ултимативната цел е постигната и двајцата сте опуштени. Не сакате да менувате ништо кај својот партнер и обратно. Сте стекнале комплетност.