Гестациски дијабетес

Диабетес меллитус е огромен здраствен проблем на човеството и е присутен во сите фази на неговиот развој. Бројот на болни расте брзо и е поврзано со промената на условите на живот и исхраната. Диабетесот е болест на развиеното друштво. Диабетесот вон бременоста е добро дефинирана болест, неговата ендокринологија со сите васкуларни  иклинички манифестации е јасна. Меѓутоа во бременоста се јавуваат цел низ на компликации кои го загрозуваат плодот и кои до пронаоѓањето на инсулинот сериозно го нарушуваа здравјето на мајката.

Гестацискиот диабетес подлегнува на други класификации од прегестацискиот т.е. преегсзистенцијален диабетес и претставува појава на различен степен на хипергликемија на мајката која првпат се појавува во бременоста, во различна фаза ,после 6-та гестациска недела.  Најчесто оваа состојба на хипергликемија или инсулинска периферна резистенција се повлекува после заврсување на бременоста, но во некои поретки случаи може да продолжи и да се развие во Диабетес меллитус. Ризичен фактор е самата бременост со хормоните на постелката, која се однесува како жлезда со внатрешно лачење  и битно го менува метаболизмот на трудницата се со цел да му овозможи доволно енергетска материја(гликоза) на фетусот. Во принцип кај секоја трудница има намалено искористување на гликоза од крвта, така да и интравенски да се даде гликоза поспоро ќе исчезнува од крвта. Зголемена телесна тежина и обезитност од пред бременоста се смета исто за ризичен фактор.

Гестацискиот диаебетес како сто кажавме има различен степен на манифестација и не мора да биде веднаш  клинички видлив, така да кај секоја трудница рутински се одредува гликемија на гладно уште од почетокот на бременоста, а ако има покацување на вредностите понатаму се подложи на други подетални испитувања кои ке потврдат или исклучат појава на оваа патолошка состојба. Најчесто се прави скрининг за гестациски диабетес кај ризични и неризчни групи на трудници од 24-та до 28-та гестациска недела, кога веке и јасно се манифестира болеста и е доволно навремено да се преземат сите мерки за здравјето на плодот и мајката.

Третманот на ваква пациентка е тимска работа помеѓу гинеколог акушер кој ја води  нејзината бременост и кој треба да ја детектира оваа состојба и специјалистот ендокринолог интернист кој понатаму се грижи за диететскиот режим и инсулинската терапија или други антидијабетогени мерки.

Повеќе на плодот му штети состојбата на хипергликемија, која во првите месеци на гестациски развој може да предизвика и аномалии на плодот, понатаму во текот на интраутериниот развој,ако не биде откриено на времено и превземено мерки може да дојде до прекумерен раст на плодот и отежнато раѓање.

Оваа состојба е релативно честа, и при водење на бременост секој гинеколог акушер треба да ја има на ум оваа патолошка состојба да ја открие навремено и да се започне третман. Обично се повлекува после завршување на бременоста,но во ретки случаи може да продолжи И да се развие во Диабетес меллитус, затоа мајката треба да продолжи со контролите кај ендокринологот до потполно повлекување на хипергликемијата.