Preventus



Tue05212013

Последна промена08:47:11 AM GMT

Share

24 часа доктор одговори

Исцедок од градите

Од: Ивана

Прашање:

Здраво, имам еден проблем ми тече млеко од градите, а немам никакво хормонално пореметување, а на лекар ми викаат не ти е ништо, а јас мислам дека од така од ич ништо неможе да ти тече млеко мора да има нешто.

Совет што понатаму и каде да се обратам за овој проблем?

Благодарам

Одговор:

Ивана,

Мора да се испита Пролактин, ТСХ и Т3, Т4, да се земе брис од исцедокот од градата за микробиолошко испитување, и да се направи Ехо на дојки.

д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-акушер

Водена циста на јајник

Од: Ана

Прашање:

Еве веќе три години имам полицистични јајници. Мојот гинеколог ми препорача и пијам Дијане 35 понекогаш тие исчезнуваат и пак се појавуваат ама на левиот јајник имам една голема циста околу 3,2 см и таа цело време е тука, ми вели дека не е опасна дека е водена. Покрај тоа редовно правам ПАП тест и се ок. Ме интересира дали покрај овие испитувања треба да се направат и други за да се утврди дека цистата не опасна?

Одговор:

Ана,

Не е опасна таа циста, можеби треба да смените терапија, би требало да се направи и консултација со ендокринолог, да се види дали има и инсулинска резистенција, која често е предизвикувач на полицистични јајници, и ако е така да се вклучи и соодветна терапија за тоа.

д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-акушер

Употреба на апчиња за контрацепција

Од: Кристина

Прашање:

Здраво, би сакала да ве прашам за употребата на апчиња за контрацепција. Моментално со мојот партнер не користиме кондоми, па сакав да знам дали има некакви штетни импликации доколку се користат редовно апчињата за контрацепција во замена за други алтернативни начини на заштита. Исто така би сакала да знам кој апчиња за контрацепција вие ѓи препорачувате.

Благодарам однапред

Одговор:

Кристина,

Најдобра заштита е комбинација на кондом со апчиња за контрацепција, бидејќи треба да бидете заштитени и од сексуални преносливи болести. За да ви препорачам кои ќе мора да ве прегледам, за да одбереме најсоодветни за вас.

д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-акушер

Инфекција и раничка на грлото на матката

Од: Ива

Прашање:

Здраво.

Имам 25 год. и од неодамна секретот ми жолтеникав со јак мирис. Па отидов на гиниколог при земањето на брисеви за пап тест гиникологот ми откри ранички на грлото од матката и веднаш ми препорачува ласерско третирање без да ги почекам резултатите од тестот. Го прашав дали можи да земам некоја друга тарапија или да ги почекам резултатите ми одговори оти одамна требало да биди тоа веќе поминато. До сега сум немала никакви проблеми и не сум имала никаква тарапија, а ова многу чудно ми падна. Ме интересира вашето мислење колку е можно да се открие некаква болест и таа да се третира само со обичен преглед без никакви наоди дали се работи за алчност на лекар, пошто ми кажа и колку ќе кошта и се.

Ве молам за брз одговор однапред благодарам.

Одговор:

Ива,

Јас мислам дека прво треба да се третира инфекцијата, што по симптомите дефинитивно ја имате,т.е. да ги почекате резултатите, а потоа да се третира раничка на грлото на матката.

д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-акушер

Мигрена

Од: Марија

Прашање:

Здраво!!!

Мајками има ужасни главоболки кои се јавуваат за време на циклус,радост, тага, промена на време итн. Бевме на доктор и и констатираа мигрена, континуирано за време на главоболките зема како таерапија NOMIGREN, ќе ве замолам да ми кажете некоја друга терапија како супститут за истата.Благодарам однапред, Во исчекување на Ваш одговор ве поздравувам.

Одговор:

Марија,

Во основа препаратот кој го зема е добра комбинација на неколку состојки кои се сосема добри, доколку кај вашата мајка има добар одговор и дејство. Можеме да ви предложиме неколку постапки во домашни услови како ставање на ладни компреси на местото на главоболка, одмарање со перници ставени во добра положба да биде вратот исправен така и главата биде исправена, одмор во соба со многу малку или воопшто сензорна стимулација(светлина, звуци, миризби), избегнување на стресни ситуации, добар одмор, пиење на умерени количини на кофеин, користење на нестероидни антиимфламаторни лекови за кои не е потребен лекарски упат, како ibuprofen, naproxen, и ketoprofen(имајте в предвид  дека нивна неконтролинрана долготрајна употреба може да доведе до нарушувања на стомакот, како гастритис, чир на желудник и крварења од истиот) земање на acetaminophen како додаток на истите(но, не смее да се зема доколку пациентот има проблеми со црниот дроб, или пие алкохол). Во однос на медикаментозната терапија иако има толку напреднувања во науката мигрените се тешки за лекување заради својата етиологија која е разновидна, тие можат да се лечат на два начина со абортивен и превентивен третман. Абортивниот третман пдразбира земање на лекови за да се превенира мигрената или да се стопира понатамошниот прогрес доколку е во рана фаза на почеток. Во оваа терапија спагаат триптаните, кои особено го таргетираат серотонинот, а тоа се следните средства: ZolmitriptanEletriptan,NaratriptanRizatriptanFrovatriptanAlmotriptan. Следниве лекови исто така го афектираат серотонинот, но исто така и други мозочни хемикалии: Ergotamine tartrate, Dihydroergotamine, Acetaminophen-isometheptene-dichloralphenazone. Следните лекови се користат за гадење, но имаат и превентивен третман и кај мигрените:ProchlorperazinePromethazine. Следниве лекови се припадници на класата на слаби наркотици, не се сецифични за главоболка, но се користат за ослободување од било каква болка и покажуваат успех и кај мигрените, и тоа: Butalbital, Acetaminophen и codeine. Превентивниот третман е потребен и неопходен кај пациенти со повеќе од една мигрена неделно, целта е да се намали фрекфенцијата и јачината на мигренозни главоболки. Ваквите лекови некогаш се земаат и секој ден. Во овој тип на третман спаѓаат: медикаментите за висок крвен притисок(бета блокери-propranolol, блокатори на калциумови канали - verapamil ); антидепресанти(Amitriptylinenortriptyline); антиепилептични лекарства  Gabapentinvalproic acidtopiramate; некои антихистаминици и лекарства за алергија како diphenhydramine и cyproheptadine.

д-р Елида М.Михајлоска, доктор по општа медицина

Инвитро

Од: Миме

Прашање:

Која е најдобра приватна болница за инвитро?

Одговор:

Миме,

Не би можеле да одлучиме наместо вас, можеме само да ве советуваме доколку сте заинтересирана кои се постапките за инвитро фертилизација. Во изборот на давач на медицински одлуки сепак е ваш со почит кон колегите од медицинската фела.


д-р Елида Михајлоска, доктор по општа медицина

Зрачење

Од: Боби

Прашање:

Мислам дека престојувам во просторија каде што има зрачење. Кога ги кажав симптомите кај останатите присутни тие ми потврдија дека се исто како моите. Може ли некој да ми одговори што може да се почуствува како почетен симптом ако некаде има присуство на некакво зрачерње и како тоа да се измери.

Фала однапред !!!

Одговор:

Боби,

Не давате доволно информации во однос на тоа во каква просторија престојувате и на какво зрачење се сомневате. Заради тоа ќе ве замолам да прецизирате поконкретно, бидејќи има различни видови на зрачења, сите се со различен ефект и симптоми, не би можела толку општо да ви одоворам. Бидејќи симптомите можат да варираат од обична неспецифична главоболка, зуење во ушите, несоница, анксиозност, до посериозни проблеми како повраќање, крварење, губење на косата и таканатаму, ќе ве замолам конкретно да кажете на какво озрачување се сомневате.

д-р Елида М.Михајлоска, доктор по општа медицина

Најбрзиот начин за да ја намалам својата тежина

Од: Михаела

Прашање:

Здраво

Сакам да ве прашам кој е набрзиот начин за да ја намалам својата тежина?

Тренирам одбојка, а и покрај тоа трчам на кеј. Но, постојано сум истата. Сакам да ги намалам бутовите, нозете и рацете да ми ослабнат :)

Одговор:

Михаела,

Одговорот е доста лесен и едноставен, на нашата интертнет страна имате доста текстови за правилна исхрана и обликување на телото. Така ќе ве упатам да ги прочитате истите каде имате повеќе информации како и за која исхрана ќе одговара за вас лично. Бидејќи не давате доволно информации за вашите години, телесна тежина и висина, не можам конкретно да ве советувам. Сепак е потребен преглед и планирање на храната со нутриционист како и режим за вежбање кој ќе помогне за да го намалите обемот на тие места. Иако доколку сте одбојкарка нормлано е обемот на тие места да е поголем заради поразвиените мускули, тоа веќе не е прашање за намалување на тежината, туку за обликување, фитнесот може доста тука да помогне, повторно со совет со сертифициран фитнес тренер и  доктор по спортска медицина.

д-р Елида М.Михајлоска, доктор по општа медицина

Што да правам со витилигото

Од: Нате

Прашање:

Знам оти нема лек, ама некој совет за витилиго во почетна фаза. Со витамини се корисни и дали сонцето е штетно. Ако треба и подетално испитување да направам.

Благодарам.

Одговор:

Нате,

Ви ја препорачувам следната терапија:

1) потентни кортикостероидни креми под оклузија

2) Протопик крем 1 %

3) Даивобет крем (калципотриене + бетаметхазон дипропионате)

Третирањето на витилиго претставува голем предизвик, кортикостероидните креми кај витилиго се користат долго и даваат доста нус појави. Комбинираната терапија со Даивобет дава задоволителни резултати после три месеци.

Протопик претставува имуномодулатор, го потпомага имунолошкиот одговор на кожата,терапија со протопик 2 пати дневно за 5-6 месеци дава исто така добри резултати.

Постојат и УВБ лампи за домашна употреба за пациенти со витилиго, често Ув терапијата може да се комбинира со други лекарства, како таблетки или локална терапија со кремови. За користењето на овие лампи добро е да се консултирате со дерматолог за да ви се објасни начинот на користење бидејќи пациентите ги користат во домашни услови и се без надзор и може да дојде до комплицирање и горење на кожата кај што нема пигмент.

Најсоврементата терапија за витилиго е ласерската терапија. Добри резултати дава Еџцимер ласер 308 нм.

д-р Билјана Талевска, дерматолог

Зрачење

Од: Боби

Прашање:

Мислам дека престојувам во просторија каде сто има зраценје.Кога ги казав симптомите кај останатите присутни тие ми потврдија дека се исто како мојте. Мозе ли некој да ми одговори сто мозе да се поцуствува како поцетен симптом ако некаде има присуство на некакво зрацернје и како тоа да се измери.

Фала однапред !!!

Одговор:

Боби,

Не давате доволно информации во однос на тоа во каква просторија престојувате и на какво зрачење се сомневате. Заради тоа ќе ве замолам да прецизирате поконкретно, бидејќи има различни видови на зрачења, сите се со различен ефект и симптоми, не би можела толку општо да ви одоворам. Бидејќи симптомите можат да варираат од обична неспецифична главоболка, зуење во ушите, несоница, анксиозност, до посериозно проблеми како повраќање, крварење, губење на косата и таканатаму, ќе ве замолам конкретно да кажете на какво озрачување се сомневате.

д-р Елида Михајлоска, доктор по општа медицина

 

Исхрана

ishrana
За...

Спорт

sport
и здравје

За него

alternativna
и Неа

Убавина

ubavina
здравје

Здравјето

horoskop
низ хороскоп