Preventus



Fri05242013

Последна промена11:23:19 AM GMT

Share

Прекумерното потење може да биде симптом на сериозна болест

Прекумерното потење создава непријатности кај сите. Тоа најчесто се јавува во летниот период, додека вежбаме, а кај некои луѓе  дури и додека е ладно...

Потењето е природна појава, преку која ги исфрламе токсините од нашето тело, но може да сигнализира и на одредени здравствени пореметувања.

Пример за ова се симптомите:

-          Хорнично потење и влажост, особено на дланките, под пазувите и на стапалата е симптом на болеста хронично потење или хиперхидроза. Отидете на лекарски преглед. Најчесто доволна е локална употреба на раствор од алуминиум – хлорид. Во потешки случаи со едноставна операција се прекинуваат нервите што го предизвикуваат потењето. Непријатните придружни дејства на операцијата вклучуваат компензационално потење на другите делови на телото и постојано потење под пазувите.

-          Прекумерно потење придружено со болки во градите, што обично не исчезнуваат по одморот и траат половина час или подолго, а можна е и мачнина, вртоглавица или несвестица се симптоми на срцев удар. Веднаш повикајте брза помош или лекар.

-          Тешки болести - ноќно потење, губење на тежината, трајна кашлица, температура, замор и искашлување крв се симптоми за разни болести на белите дробови, туберкулоза, СИДА или рак. Веднаш отидете на лекарски преглед. Рак на белите дробови и туберкулоза мора веднаш да се лекуваат. Заболените од СИДА кои рано почнуваат да се лекуваат можат да живеат долго. Потењето може да биде единствен почетен симптом на хоџкинсовата болест или другите лимфоми. При почетниот стадиум на ХИВ инфекцијата вообичаено е зголемено потење, мала температура, замор, пролив и мало губење на тежината.

-          Потење, настапи на топлина, сувост на вагината или промени во располозенито укажуваат на менопауза. Отидете на лекарски преглед. Понекогаш антихипертензивот клонидин може да ја држи под контрола температурата во менопаузата. До потење може да дојде кога ќе падне нивното на естрогенот по породувањето или на почетокот на менстурацијата.

-          Чуството на напрегнатост или стрес може да предизвикаат обилно потење и истите се симптоми на анксиозност. Ако поради потењето се чуствувате непријатно, отидете на лекар. Тој ќе се обиде да открие што ја предизвикува анксиозноста и може да ви препише лек.

-          Прекумерно потење придружено со два или повеќе од наведените симптоми: слабеење, зголемен апетит, анксиозност, несоница, забрзано чукање на срцето, мускулна слабост и топла кожа наведуваат на хипертиреоза (преголема активност на штипната жлезда). Отидете на лекарски преглед. Ако се лачат премногу тироидни хормони можеби, ќе ви биде потребно зрачење, операција или лек што ја регулира работата на штитната жлезда. Преактивната штитна жлезда предизвикува непријатни симптоми, забрзувајќи ги хемиските реакции во организмот, и телесните и психичките.

-          Потењето кога употребувате лекови на рецепт, без рецепт или не легални лекови како и во текот на одвикнувањето од лековите – дрогите или кај прекумерното пиење алкохол, е несакана реакција на лековите. Тоа е типично дејство на одвикнување од дроги и алкохол. Поразговарајте со својот лекар за симптомите. Може да ви го смени лекот што го добивате на рецепт.

- Слабото поднесување жештина, засилено потење на горниот дел на телото и намалено или никакво потење на долниот дел на телото укажува на дијабетес. Одете на лекарски преглед. Оваа копликација на шеќерната болест укажува на недоволна регулација на температурата и може да доведе до хипертермија и сончев удар

Слични содржини
Сите болки и пречки во пределот на срцето не потекнуваат секогаш од срцево заболување во вистинска смисла на
Икавица, вкочанет врат, грчеви во нозете, плускавци... Иако не станува збор за состојби опасни по живот, сепак м
Најновото истражување каде учествувале 12.000 вработени лица покажува дека на работа најдобро би било да се оди
Ресвератрол спаѓа во класата на растителни полифеноли наречени стибени. Овие соединенија имаат антиоксидат
Онколошката комисија на Европската заедница составила еден вид заповеди против ракот...