Preventus



Thu05232013

Последна промена11:23:19 AM GMT

Share

Што треба да има во домашната аптека?

Добро е дома да имате при рака неколку лекови за чести тегоби, така што ќе бидете подготвени кога повремено ќе се јави грип или настинка. Сите долунаведени производи можат да се добијат без лекарски рецепт во повеќето аптеки...

Што се однесува на името на лековите во класата на производи што се добиваат без лекарски рецепт, повеќето препарати ги имаат истите активни состојки, а се разликуваат само според начинот на пакување. Секогаш имајте предвид дека производите кои се купуваат без лекарски рецепт сепак, се лекови, и може да имаат потенцијално опасни придружни дејства, ако не се употребуваат според упатството. Секако консултирајте се со вашиот матичен лекар пред да почнете да користите било каков лек.

Сите овие средства би требало да ги чувате на суво и темно место и надвор од дофатот на децата. Одвреме - навреме проверувајте го рокот на траење на сите лекови, многу препарати имаат ограничен рок на траење.

Членовите на семејството, можеби, имаат поинакви потреби, како адреналин за алергии на убод од пчели. И овие лекови би требало да бидат во вашето домашно шкафче со лекови.

Конвенционални

  • Антацид - лошо варење
  • Антибиотска маст - исеченици, гребаници
  • Лек против пролив
  • Лек против габички - атлетско стапало или чешање во слабините
  • Антихистаминик во капсули - алергии
  • Ацетилсалицилна киселина -  болки како главоболка или грчеви во мускулите
  • Каламински лосион - чешање од егзема на кожата или убод од инсект
  • Лек против кашлица/настинка/грип
  • Таблетки дименхидринат - болест на движење
  • Хидрокортизонски крем - егзема на кожата и убоди од инсекти
  • Водороден пероксид - антисептик за исеченици и гребаници
  • Лаксатив - запек
  • Вазелин - испукана кожа
  • Средство за заштита од сонце

Алтернативни лекови

Природните препарати можат да се употребуваат за многу чести тегоби. Овие тревки, масла и хомеопатски лекови можат обично да се најдат во продавниците за здрава храна и специјализирани аптеки. Маслата и хомеопатските фармацевтски производи обично се пакувани, но лековитите билки можат да се купат и на мерење и дома да се комбинираат за подготвување на точно одредени препарати. Не заборавајте дека лековитите билки, исто како и лековите кои можат да се добијат без рецепт, претставуваат силни материи и би требало внимателно да се употребуваат.

Хомеопатски

Aconite - настинки, дифтерија, температура, шок

Apis - каснувања и убоди, егзема по кожата

Arnica - модринки, шинати зглобови, шок

Arsenicum album - настинки, труења со храна, грип

Belladonna - болки

во увото, температура, главоболка, инфекција, топлотен удар

Bryonia - болки во грбот, температура, главоболка, грип

Се1ѕетјит - температура и грип

Hepar sulphuris - апсцеси, чиреви, дифтерија, воспаление на грлото

Hypericum - повреди на нервите, убоди од инсекти

Ри1ѕаШ1а - детски болести, настинки, температура, тегоби со синусите

Rhus toxicodendron - болки во грбот, овчи сипаници, грип, шинувања, истегнувања

Билни

Алое желатин за надворешна употреба при убоди од пчели, изгореници од сонце

Камилица

чај за намалување на лошото варење

Обична ѕвездичка - крем за смирување на надразнетоста на кожата

Црн оман (гавез) - маст од листовите за секрет, но не и за рани од убод

Глуварче- корен, одвар, како секторен лаксатив

Црн бозел, цвет нане и ајдучка трева- болките во синусите се ублажуваат, ако трипати на ден се зема топол одвар од подеднакви делови

Ленено семе - лаксатив

Линцура- топол чај за намалување на лошото варење

Ѓумбир корен попарен со топла вода, според потребите за намалување на мачнината

Горчица - топол одвар според потребите за кашлица

Бел слез- топол одвар според потребите за кашлица

Медуника , здравец и нане - топол одвар од подеднакви делови за намалување на проливот

Лопен - топол одвар трипати на ден за кашлица, добар е за деца

Малина - сируп против треска

Питомо нане чај или одвар за намалување на лошото варење, пролив

Тегавец - лаксатив

Жалфија - одвар за плакнење воспалено грло

Киселица - одвар трипати на ден како секторен лаксатив

Мелалеука, масло  - за надворешна употреба кај атлетското стапало

Хамамелис - дестилиран, употребете го однадвор за смирување на чешањето

Резерви за прва помош

Освен лековите, дома е пожелно да имате и резерви на завои и материјали за прва помош за итни случаи. Нив треба да ги чувате во вакумирани, чисти пакувања.

  • Средство за заштита од инсекти
  • Сигурносни игли
  • Ножици (кои се користат само за таа цел)
  • Триаголна крпа
  • Сапун
  • Стерилни гази
  • Топломер (ако во куќата има и деца на возраст под пет години, секако, вклучете и ректално мерење или мерење на температурата во уво)
  • Хартиени крпи за бришење
  • Пинцета
  • Самолепливи завои, во повеќе големини
  • Фластер - лента
  • Антисептички марамчиња
  • Пеперутка - завои
  • Студени облоги (еднократни)
  • Вата цикцак и топчиња
  • Стапчиња за уво
  • Еластичен завој
  • Прирачник за прва помош
  • Завои од газа, во различни големини, во перничиња или ролни
  • Шамичиња за раце (еднократни)
  • Гумени ракавици

Слични содржини
Сите болки и пречки во пределот на срцето не потекнуваат секогаш од срцево заболување во вистинска смисла на
Икавица, вкочанет врат, грчеви во нозете, плускавци... Иако не станува збор за состојби опасни по живот, сепак м
Најновото истражување каде учествувале 12.000 вработени лица покажува дека на работа најдобро би било да се оди
Ресвератрол спаѓа во класата на растителни полифеноли наречени стибени. Овие соединенија имаат антиоксидат
Онколошката комисија на Европската заедница составила еден вид заповеди против ракот...