Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Летните горештини и вашето срце

„Летните горештини буквално го ’стресуваат’ срцето, особено во текот на вежбањето. Така телесната активност и зголемувањето на темепературата на воздухот ја зголемуваат и телесната температура. Високата влажност дополнително ја комплицира ситуацијата, бидејќи потта не може лесно да испари низ кожата. Телото реагира со дотур на поголемо количество крв во кожата за да ја излади, што резултира со помал проток на крв низ мускулите, а со тоа и зголемување на отчукувањата на срцето“, ни појасни д-р Ален Гертлер, британски кардиолог од Универзитетот во Алабама.
Знаци на предупредување на можни здравствени проблеми предизвикани од горештините може да бидат следните: грчеви во мускулите, мачнина, повраќање, слабост, главоболка, вртоглавица, збунетост, раздразливост, студена пот.
 
Добра вест е што здравствените проблеми поврзани со горештините може да се спречат. Еве што треба да правите:
 
Хидратација.
Половина час пред физичката активност напијте се 2 до 3 дцл вода. Пијте и дополнителни 2 дцл на секои 30 минути во текот на вежбањето. Консумирајте спортски напивки за време на секоја активност што трае подолго од еден час.
 
Искористете ги раните или доцните часови.
Вежбајте во раните утрински часови или навечер, кога температурата е значително пониска.
 
Носете лесна облека.
Изберете светла, удобна памучна маица и кратки панталони во текот на вежбањето за да ви биде што поудобно.
Share

Соработници и партнери