Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Надица Илиеска: Есенски нутри совети

Во пресрет на есента, настапува период на опаѓање на имунитетот, па затоа, во периодот кој следува, организмот има потреба од поголемо внимание. Климатските промени кои го одбележуваат преодот од лето во есен, бараат прилагодување на нашето тело кон променливото и свежо време. Покрај временските промени есента носи и поголеми работни и семејни обврски, а со тоа и помалку слободно време. Многу често, промената на годишното време носи сезонска меланхолија, умор и недостаток на енергија. Почнува период со многу предизвици за имунитетот на организмот, кој во почетокот на есента почнува да работи "прекувремено". Исхраната која ги следи промените во природата служи како квалитетен темел за успешно прилагодување на телото и умот. Природата во есен ни помага со сезонски плодови кои даваат доволно енергија и топлина за сите предизвици кои ги носи ова годишно време. Најдобрата исхрана треба да содржи шаренило од јаболки, дуњи, мушмули, круши, костени, пченка, намирници кои претставуваат богатсво од фитохемикалии кои имаат позитивно влијание на здравјето...

Повеќе: Надица Илиеска: Есенски нутри совети

Надица Илиеска: како да се опуштите после напорниот ден

 

 

 

 

 

 

Нутри совети од Надица Илиеска, нутриционист од Нутриционист Консалтинг

Имавте напорен ден на работа? Немавте време за пауза? Дали воопшто нешто јадевте? Можеби денот ви бил предолг, полн со стрес. Враќајки се дома мечтаете за голема чинија тестенини со сирење и пикантен дресинг, а и колачите ви изгледаат како одличен избор. Тоа што во тој момент вашето тело го бара е брза енергија, односно јагленихидрати и шеќер. Оваа ситуација за многумина е секојдневие. Сепак, иако телото ви дава сигнали дека има потреба од брзи јагленихидрати, шеќери и масти, такви намирници нема да придонесат да се ослободите од стресот и од уморот. Напротив, по земање на таков оброк може да се чувствувате уште поуморни...

Повеќе: Надица Илиеска: како да се опуштите после напорниот ден

Мажите, депресијата и сексот

Дел од он-лајн кампањата за месецот на машко здравје Моември, во организација на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус Скопје, ви овозможуваме подобро да се запознаете со сексуалните проблеми при депресија. На оваа тема за Вас пишуваше Марија Стефанова, психолог-психотерапевт од психолошко советувалиште Петар Пан.

 

Повеќе: Мажите, депресијата и сексот

Централното греење лошо по здравјето?

Се будите уморни и исцрпени иако сте спиеле 7-8 часа? Чувствувате недостаток на енергија? Немате доволно концентрација или сте напнати? Имате проблеми со дишењето, затнато грло, кожата ви се затега и пука, наутро се будите со сува уста...

Повеќе: Централното греење лошо по здравјето?

Не го тргајте тагот од facebook сликите, изгледајте вистински добро!!!

Сакате да изгледате совршено за одреден настан но имате некое кило повеќе? Или прифатете како изгледате, тргнете го  тагот од facebook сликите, гладувајте или пак можете да ги послушате нашите совети кои ќе ви помогнат да заблескате на важната пригода...

 

Повеќе: Не го тргајте тагот од facebook сликите, изгледајте вистински добро!!!

Соработници и партнери