Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Колку е здрав сокот од портокал?

Утрото започнува со појадокот, а сокот од портокал претставува додаток на оброкот со кој се постигнува комплетна балансираност во внесот на потребните витамини и хранливи материи...

Како симбол за свежина, консумирањето на 100% сок од портокал наутро нуди големи придобивки. Го активира и размрдува метаболизмот и дигестивниот систем, помага да се расоните и  најважно дава чувство на свежина која ве раздвижуваа и полни со енергија за целиот ден. Во продолжение ќе разгледаме неколку од поважните функции кои сокот од портокал ги има врз вашиот организам.

Антиоксидансите кои ги содржи сокот од портокал помагаат во регулирање на дигестивниот систем и на метаболизмот со што се спречува непотребното задржување на течности во организмот,а помагаат и при исфрлањето на штетните масти.

Со пиење на само една чаша 100% сок од портокал без додаден шеќер и без конзерванси директно ќе придонесете кон подобрување на вашето здравје.

Една чаша сок од портокал задоволува 25% од дневната потреба на витаминот Ц во вашиот организам, витамин што преставува неизоставен дел од човечката и помага во зацврстување на коските, одржување на кожата во најдобра состојба и директно влијае во подобрување на  имунолошкиот систем во борбата со сезонските вируси и инфекции.

Портокалите содржат природни состојки кои помагаат во намалување на ризиците од срцеви заболувања и аритмија, а постојат и истражувања кои велат дека портокалот помага во намалувањето на ризиците од појава на повеќе типови на карцином.

Некои од состојките на 100% сок од портокал помагаат во намалувањето на создавањето на ЛДЛ холестеролот во телото, со што се намалува ризикот од појави на проблеми со срцето.

Вива, 1 литарскиот  100% сок од портокал е произведен од 12 сочни портокали. Без додаден шеќер и без конзерванси, Вива 100% сок од портокал овозможува одличен почеток на денот, помага во воспоставувањето баланс во исхраната и исполнува со чувство на свежина која се преточува во пријатно и среќно расположение кое ќе ве води низ денот.

Share

Соработници и партнери