Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Интегралните житарици подобри за губење на килограми

Доколку сакате да ослабете и да го намалите ризикот од разни хронични заболувања, обидете се рафинираните житарици да ги замените со интегрални. Најнови истражувања покажуваат дека на овој начин се зголемува трошењето на калории. Американски научници веруваат дека интегралните житарици го намалуваат бројот на калории кои ги апсорбира телото во текот на варењето, додека истовремено го забрзува метаболизмот. Докажано е дека луѓето кои консумираат интегрални житарици се послаби и имаат помалку телесни масти.

Амерички научници сакале да ги докажат позитивните здравствени ефекти од користењето на интегралните наместо рафинираните житарици во секојдневната исхрана. Во ова истражување учествувале 80 мажи и жени на возраст од 40 до 65 години. Во текот на 6 недели една група се придржавала на исхрана со богати интегрални житарици со во просек 40 г дијететски влакна дневно. Другата група пак јадела рафинирани житарици со просечна дневна доза на диететски влакна од 21г.

Испитаниците од првата група апсорбирале помалку калории од храната и преку столицата ги елиминирале отпадните материи. Учесниците од првата група секојдневно губеле 92 калории повеќе од испитаниците од втората група, што на годишно ниво би претставувало 2.5 кг.

Share

Соработници и партнери