Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Колку ви е доста од јаткастите плодови?

Јаткастите плодови се исклучително квалитетни и претставуваат извонреден избор за грицкање наместо вообичаените индустриски преработки и добро е да се конзумираат секој ден.

 

Богати се со квалитетни маснотии, пред се со олеинска масна киселина, но и со бројни минерали, витамини, дури и со есенцијални аминокиселини, што се одразува на нивното позитивно влијание врз здравјето на срцето и нервниот систем.

Заради таквата нутритивна вредност на вегетаријанците им се препорачува секојдневно да ги конзумираат.

Факт е дека освен тоа, јаткастите плодови се и висококалорични па не треба да се претерува со нивна конзумација. Предлог за меѓуоброк со јаболко или со некое друго овошје по избор, може да биде една рака јаткасти плодови, а најдобро е да одберете различни видови, како што споменавте и самите, а освен тоа можете да додадете и и семки од тиква, лен или сончоглед.

Јаткастите плодови и семките можете да ги додавате и во готови јадења, иситнети или како дел од десертот, утринскиот оброк и слично.

Со оглед на тоа дека е тешко да се запре на неколку плодови, настојувајте да бидете свесни колку јадете и вашата дневна доза нека не биде поголема од една шолја со овие плодови. Секако, тоа зависи и од останатата храна што ја конзумирате.

Share

Соработници и партнери