Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Од А до Ш за сипаниците

Сипаниците се најчестите заразни заболувања во детската возраст. Од ова не се поштедени ни возрасните, особено оние кои не ги прележале како деца.

За сипаниците не постои специфичен лек. Единствен начин да се заштитиме од нив се вакцините и затоа е неопходно вакцинацијата да се спроведува правовремено и редовно.

Што се сипаници?

Сипаници се вирусни, осипни болести кои многу лесно се пренесуваат преку воздухот што е причина децата уште од рана возраст да се разболат од нив и затоа се сметаат за “вообичаени детски болести”. Тука спаѓаат: морбили, рубеола и варичела.

На која возраст е најдобро да се прележат сипаниците?

Најлесна клиничка слика имаат деца на возраст од 3 до 7 години. Пред навршена една година и кај возрасните, сипаниците имаат многу потешка клиничка слика.

Што ако детето има сипаници а мајката е бремена со друго?

Доколку мајката е уредно вакцинирана или ја прележала болеста тогаш таа е заштитена и не може да се разболи. Ако нема имунитет, потребно е да биде изолирана од болното дете.

1. Морбили

Морбилите се многу заразни. Почнуваат со треска, изнемоштеност, сува кашлица и воспаление на коњуктивите. По 3-4 дена се појавува карактеристичен осип кој почнува зад ушите и се шири по цело тело и екстремитетите. Осипот се повлекува по 5-6 дена. Болеста е заразна 4 дена пред и 4 дена по појава на осипот. 
Најчесто се појавува кон крајот на зимата и почеток на пролетта. Можни компликации од морбили се воспаление на средното уво, белите дробови и мозокот. Специфичен лек не постои, но вакцинацијата е исклучително ефикасна во превенција на заболувањето.

2. Рубеола

Рубеолата има лесна клиничка слика, а 25% од заболените се без симптоми. Кај децата има мали, или воопшто нема почетни симптоми. Адолесцентите и возрасните можат 1-5 дена да имаат лесно покачена телесна температура, блага малаксаност, главоболка, болка во грло, секреција од носот. 
Се појавува нежен, ситен осип кој почнува зад ушите и се шири по цело тело. Тој се губи по 3 дена. Рубеолата најчесто се јавува кон крајот на зимата и почеток на пролетта. Заразноста кај болните трае неколку дена пред и неколку дена по појавата на осипот. Кај адолесцентите и возрасните во тек на болеста може да дојде до воспаление на големите и малите зглобови кое трае 5-10 дена.
Најголем ризик од вирусот на рубеола е што доколку се зарази бремена жена, вирусот го напаѓа и плодот и, зависно во кој период на бременоста е, може да предизвика различни оштетувања. Најризични се првите 12 недели од бременоста кога може да дојде до тешки оштетувања на плодот, па дури и негова смрт. Во одреден број случаи не доаѓа до оштетување на плодот, но бидејќи ризикот е преголем се препорачува прекин на бременоста. Инфекција со рубеола во последните месеци на бременоста не може да му наштети на плодот.

Вакцинацијата против рубеола се спроведува во 3 дози од 12 месеци до 14 години и е апсолутна заштита од болеста. Можат да се вакцинираат и возрасни жени под услов да не се бремени и да не забременат 2 месеци по вакцинација.

3. Варичела

Варичела (овчи сипаници) е релативно бенигно, сепак, многу заразно заболување предизвикано од вирусот на варичела-зостер. Почетокот се карактеризира со краток период на лесно покачена температура, симптоми од горниот респираторен тракт и блага малаксаност, а потоа следи осип кој многу чеша. Карактеристично се појавува и на скалпот и е во вид на мали меурчиња исполнети со течност.
Болеста се појавува преку целата година, а максимумот е во доцната есен и зима. Периодот на заразност е 1-2 дена пред почеток на осипот и додека сите промени не станат крастички. Компликациите се ретки и можат да бидат предизвикани од самиот вирус како што е пневмонија, хепатитис, енцефалитис или од бактериска суперинфекција од кожните промени.

Вакцина против варичела е изработена, но сè уште не е вклучена во редовна вакцинација. Се користи кај имунокомпромитирани пациенти. За таа цел се користи и варичела-зостер имуноглобулин кој се дава кај веќе заболени имунокомпромитирани пациенти и со тоа се намалува тежината на заболувањето.

Share

Соработници и партнери