Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Престанете да се прејадувате

Додека уживате со вашата омилена храна се чувствувате блажено, се додека не почувствувате мачина во стомакот. На сите ни се случува некогаш да се прејадеме, но ако тоа ви се случува често може да се претвори во лоша навика.

Затоа испробајте некој од следниве совети:

Слушајте го својот стомак

Мозокот е поспор од стомакот, и кога ќе се почувствувате прејадено, вашиот стомак веќе одамна бил полн. Потребно е најмалку 10 до 20 минути за да се чувствувате најадено, па дајте си време да го слушнете својот желудник.

Јадете полека, џвакајте долго

Џвакањето е важно бидејќи му помага на телото при варењето на храната. Му дава на мозокот време да регистрира ситост, па секој залак џвакајте го најмалку 30 пати.

Спуштете го приборот за јадење после секој гриз

Ако постојано ја држите вилушката во рака, така брзо и постојано ќе јадете. Спуштете го ножот и вилушката и посветете се на џвакањето.

Откријте ги своите опасни зони

Наши опасни зони се забавите, филмовите и кујната на баба. Кои се вашите? Можете да направите стратегија како да го избегнете вообичаеното прејадување, или кажете НЕ кога вашата баба по трет пат ќе ви ја полни чинијата. Може да изедете нешто здраво пред да излезете од дома за да не бидете многу гладни. Истражувањата откриле дека ако испиете вкусен пијалак 30 минути пред јадењето, ќе изедете помалку храна.

Водете дневник на исхрана

Понекогаш кога пишувате можете да се чувствувате поодговорни за себе. Ако морате да ја запишете секоја коцка чоколадо, ќе изедете само неколку.

Стратегија за враќање на добар пат

Сите понекогаш скршнуваме од патот, но тоа не значи дека треба да се помириме со тоа и да се откажеме. Ако после излегување во петок вечерта сте изеле голем хамбургер, не значи дека цел викенд треба да се прејадувате.

Скротете ја желбата за храна

Научете да разликувате вистинска глад, и лажна глад предизвикана од емоции како стрес, досада и навика. Не ги лечете своите проблеми со храна. Ако имате желба за нездрава храна, шетајте или дружете се со пријателите, апетитот ќе го снема.

Напијте се вкусен напиток

Според едно истражување, слатките намирници поттикнуваат глад, а солените намирници ја потискуваат гладта. Истражувањето докажало дека луѓето кои ќе испијат солен напиток пред оброкот, јадат храна со помалку маснотии.

Не правете повеќе нешта истовремено

Истражувањата покажале дека жените кои се сконцентрирани на она што го јадат, јадат помалку отколку оние што јадат додека истовремео работат на компјутер или читаат весник. Затоа најдете слободно време кое ќе го посветите само на вашиот оброк.

Share

Соработници и партнери