Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Нешто мириса таму доле?

Тоа не се случува често, но кога урината мириса различно од вообичаените, дами се загрижени и сакаат да се утврдат зошто се случило тоа. Причините обично се безопасни, па затоа не треба веднаш да биде во паника. Меѓутоа, ако ви се случи повеќе од два пати, обратете се на лекар..

Ако вашата урина невообичаено мириса тоа може да биде предизвикано од следниве причини:

 Габична инфекција

Габични инфекции предизвикуваат чуден мирис на урина предизвикано од дисбаланс на вагиналните бактерии - вели гинеколог д-р Шери Рос. Исто така, како што посочува, можно е да се појави и чешање.

Дехидрација

Ако во текот на денот не консумирате доволно течности, можно е урината да ви мириса чудно.

Кога телото е дехидрирано, урината има силен мирис и потемна боја - вели гинеколог. Тој исто така советува да не се дозволи нашите тела да дехидрираат и постојано да пиеме вода.

Овулацијата

Една од причините за чуден мирис е и периодот кога хормоните се најактивни. Тие влијаат на телото, па дури и ако тоа не е засилен мирис на урина, вашето чувство за мирис е поизразено па повеќе ќе го почувствувате мирисот на амонијак во урината.

Сте јаделе нешто "чудно"

Бриселско зелје, кромид, некои зачини, лосос, алкохол, па дури и кафе, може да го промени мирисот на урина - вели д-р Рос. Исто така, премногу сол во организмот може да ја зголеми концентрацијата на урината, кои ќе создадат посилен мирис од вообичаено.

Можеби сте бремени

Урината за време на бремноста има „лут“ мирис а тоа се должи на хормоните што ги произведува телото за време на бременоста - вели д-р Рос. Хормоналните промени најчесто се јавуваат во првите три месеци, па идните мајки не треба да се грижат.

Може да имате инфекција на уринарниот тракт

Најчеста причина за ненормален мирис на урина кај жените се инфекциите на уринарниот тракт. Бактериите кои предизвикуваат инфекција најчесто се виновен за мирисот. Доколку имате уринарна инфекција обично мокрачата има матна боја, а понекогаш се чини како да има и малку крв за време на мокрењето. Покрај тоа, постои чувство на печење, кое не треба да се занемари.

Венерични болести

Одредени сексуално преносливи болести драматично може да го променат мирисот на урината.

- Chlamydia е најчестиот "виновник" како и trihimonijaza, сексуално пренослив паразит - вели д-р Рос.

Ако се сомневате дека имате сексуално пренослива болест, обратете се на гинеколог.

Share

Соработници и партнери