Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Менопауза и митовите околу неа

Девет од десет жени кои минуваат низ менопауза ја покачуваат телесната тежина, а со оглед на тоа што речиси сите хемиски процеси се менуваат од корен, старите начини на слабеење веќе не се ефикасни. Ако јадете како врапче или прескокнувате оброци, ризикувате дополнително дебелеење.

Треба да знаете што да јадете и како да го забрзате метаболизмот, за да можете да ги согорувате масните наслаги. Најдобриот начин е да јадете почесто, но помали оброци.Интензивните вежби како трчање или вежбање на степер се одлични за кардиоваскуларната кондиција, но согоруваат повеќе шеќери одошто масти и нема да Ви помогнат да го намалите стомакот.

Треба да направите баланс помеѓу исхраната и вежбите. Умерената исхрана, заедно со 5 километри пешачење секој ден и еден до два тренинзи со тегови во неделата би требало да бидат доволни.Не е точно. Менопаузата е генетска категорија и Вие ќе влезете во тој период во горе-долу истото време како Вашата мајка.

Прашајте ја кога започнала симптомите (потење во сон, опаѓање на косата, раздразливост итн.) и ќе имате подобра претстава за тоа што и кога да очекувате.Иако оваа област не е до крај истражена, докторите се сигурни дека и мажите поминуваат низ слична фаза на хормонални промени, на возраст помеѓу 55 и 65 години. Тогаш доаѓа до пад на нивото на тестостерон, се јавува хроничен замор и се зголемуваат масните наслаги на стомакот.

Правилата на игра се сменети, но играта останува иста. Клучот е во тоа да го разберете новиот метаболизам и неговата брзина и според тие параметри можете да создадете програма за вежбање со која ќе ги намалите килограмите, доколку тоа многу ви пречи.

Share

Соработници и партнери