Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Ангиогенеза - создавање крвни садови во туморот

Процесот на создавање на крвни садови во туморот претставува еден од клучните процеси одговорни за раст и метастазирање на туморот. Овој процес се вика ангиогенеза. Зборот ангиогенеза потекнува од двата старогрчки збора: “angio” во превод крвни садови, и “genesis” што значи почеток, создавање...

Туморската ангиогенеза е процес на создавање и раст на мрежа од крвни садови околу туморот и нивен раст во туморската маса, со што се овозможува снабдување на туморот со хранливи материи и кислород, неопходни за негов раст и метастазирање.

Процесот на туморска ангиогенеза започнува со излачување на одредени хемиски материи, наречени фактори за раст од страна на туморските клетки. Овие сигнали ги поттикнуваат нормалните крвни садови од околината на туморот да започнат да растат и создаваат свои изданоци кон туморот. Постојат повеќе видови на ангиогенезни фактори за раст, но еден од најважните е т.н. васкуларен ендотелен фактор за раст , на англиски: vascular endothelial growth factor или VEGF. Тој ги поттикнува на раст клетките кои го градат внатрешниот ѕид на крвните садови, а се нарекуваат ендотелни клетки.

Процесот на создавање на туморски крвни садови е клучен и неопходен за растот на туморите поголеми од 1-2 милиметри. Туморите помали од 2 милиметри може да се исхрануваат со користење на хранливите материи од околината, но за нивен понатамошен раст, неопходни се нови, туморски крвни садови. Експериментално е докажано дека блокирајќи го ендотелниот фактор за раст се постигнува туморот да порасне само до големина од 1-2 милиметри, а потоа да стагнира.

Научниците успеале овие важни сознанија да ги применат практично во цел на лекување на ракот. Создале антитело, кое директно се врзува и го уништува VEGF-от кој го лачат туморските клетки и спречуваат туморот да создава нови крвни садови.

Денес примената на анти-VEGF антителo-то bevacizumab, насоченo против VEGF, во комбинација со хемотерапијата претставува стандарден современ третман на лекување на многу видови на рак.

Share

Соработници и партнери