Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

На планина никако без наочари

Научниците утврдиле дека луѓето можат многу лесно да го оштетат видот додека скијаат на снежните падини, отколку додека се сончаат на плажа.

Едно јапонско истражување покажало дека ултра виолетовите зрачат 2,5 пати поопасни на снег, отколку на плажа...

Научниците ги проучувале последиците на одбивањето на светлината од површината на која има паднато свеж снег, а потоа тие податоциги споредиле со степенот на УВ зрачењето на плажа.

Користејќи кукли со вградени УВ сензори за прецизно мерење на силината на сончевото зрачење, групата истражувачи од Медицинскиот универзитет во Каназави и од американската фамрацевтска компанија “Johnson & Johnson”, открила дека очите во текот на денот на плажа се изложени на УВ зраци од 260 килоџули по квадратен метар, а дури 538 килоџули на снежна покривка. 

Професорот по офтамологија Hiroshi Sasaki изјавиле дека изложувањето на висок степен на УВ зрачење е поопасно за очите отколку за кожата, и ги предупредува скијачите и останатите љубители на зимски активности дека сончевите зраци можат да бидат многу опасни и да предизвикаат таканаречено снежно слепило кои доведува до оштетување на мрежницата, разни запалувања и катаракта.
Јапонскиот метеоролошки завод ги потврдил резултатите од истражувањето, наведувајќи дека степенот на УВ зрачењето на плажа е најчесто помеѓу 10 и 20%, а на свеж снег и до 80%. 

Количината на светлина се зголемува за 4% на секои 300 метри надморска височина. 

Инаку, следното лето ќе биде меѓу десетте најтопли во последните 150 години, откако се води евиденција за климатските случувања на нашата планета. 

Просечната глобална температура во 2009 година била безмалку 0,5 степени над просечната температура измерена помеѓу 1961 и 1990 година, објавила Светската метеоролошка организација (WMO).

WMO укажува дека екстрмните климатски појави, вклучувајќи ги страшните поплави, сурови суши, снежни бури, топлотни и ладни удари, се регистрираат на сите делови од светот.

 
 
Share

Соработници и партнери