Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Кромид и маслиново масло против чиреви на кожата

Чирот е последица од инфекција на бактеријата стафилокока или стрептокока, кои вообичаено се наоѓаат на кожата, понекогаш и во грлото, а се одговорни за низа сериозни болести, вклучувајќи го и воспалението на плуќа, менингитис, инфекции на  уринарниот тракт и ендокардитис (инфекција на срцевата обвивка)...

 Чирот обично се создава кога поради повреда или иритација на кожата бактеријата навлегува во една или повеќе фоликули, по што на истото место се собираат бели крвни зрнца како би се избориле со инфекцијата. Ова води до воспаление и на крај се создава гној кој всушност е мешавина од стари неутрофили, бактерии и мртви ќелии од кожата.

Во лечењето на чиревите одлично се покажаа рецепти на база на нилки како што се кромидот, глуварче и коприва.

Кромид
Веднаш по станувањето, пресечете главица кримид на пола и ставете ја на релна малку да се запече. Потоа намачкајте ја со малку зејтин, ставете го над чирот, превијте го местото со чиста газа и држете неколку саати. Потоа тргнете ја облогата и исчистете го местотот со чај од камилица. Повторете го третманот и пред спиење со тоа што облогите држете ги преку целата ноќ. Следното утро тргнете ја облогата, исчистете го местотот со камилица и намачкајте го се мед.

Маслиново масло и алое
Помешајте пола децилитар ладно цедено маслиново масло со иста количина сок од алое. Во мешавината потопете стерилна газа и преврзете го местотот. Мењајте го завојот на неколку часови.

Превенција
Иако не е секогаш можно да се спречи појавата на чир, поготово во случај на ослабен имунитет, некои мерки може да ја спречат неговата појава:
Редовно миење на раце со благ сапун.
Секоја огреботина и мала посекотина треба неколку пати да се измие со благ сапун.
Избегнувајте користење на туги лични ствари како пешкири, облека или спортска облека. 

Share

Соработници и партнери