Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Без кариес преку здрава исхрана

Кога на телото му се дава она што му е потребно – тоа може да функционира беспрекорно!
Добар пример за ова е честиот проблем – забниот кариес, а обемните истражувања кои се достапни во јавноста откриваат повеќе за природата на кариесот како и за фактот дека постојат лекови кои можат да помогнат...

КАКО ПРИРОДНО ДА СЕ ИЗЛЕКУВА КАРИЕСОТ?

Според Американското здружение на дентолози, кариесот го добиваме кога храната која содржи јагленихидрати (шеќер и скроб), како што се колачи, млеко, ориз и слично, често се задржува и останува на забите. Бактериите кои живеат во устата засилено се размножуваат врз таквите остатоци, а како резултат произведуваат киселина.

Со текот на времето, овие киселини ја уништуваат забната глеѓ, што резултира со кариес.

Постојат неколку проблеми со оваа теорија кои вклучуваат:

-Постоење на луѓе кои сиот живот јадат јаглени хидрати а никогаш не ги четкале забите ниту користеле забен конец, а сепак ги имаат сите заби на број.

-Бактериите не консумираат преработен шеќер или брашно поради недостиг на хранливи материи во нив.

-Намирниците кои ги сакаат бактериите се: млеко, зеленчук, месо, риба и овошје, а главно не се наведени како предизвикувачи на кариес.

Значи, ако модерните објаснувања за кариес не се точни, што тогаш е причинител?

Истражувањата на д-р Вестон Прајс и некои други забни пионери се сведуваат на три фактори:

-недоволно количество на минерали во исхраната;

-недоволно витамини кои се растворливи во масти (А,Д,Б и К);

-присуство на фитинска киселина поради која цревниот систем не ги апсорбира правилно хранливите состојки.

Со текот на времето ако во вашата исхрана недостигаат витамини и минерали, а содржи доволно фитинска киселина (од житариците, семките, јаткастите плодови и мешунките), односот меѓу калциум и фосфор нема да биде во рамнотежа, што ќе резултира со извлекување на минерали од коските, односно губење на забите и слабеење на коските.

Значи, долгогодишно уверување дека шеќерот предизвикува кариес е вистина, но затоа што ги уништува хранливите материи од телото, а не дека бактериите го јадат и произведуваат киселина која ги уништува забите.

ХРАНА КОЈА МОЖЕ ДА ГО ИЗЛЕКУВА КАРИЕСОТ

За да ја вратите рамнотежата на калциум и фосфор во крвта и да им овозможите на минералите да се врзат за забите не е доволно само да ги редуцирате слатките и преработената храна од вашата исхрана.

Всушност, мора да јадете храна која содржи висока количина на минерали и витамини кои ќе изградат цврста забна глеѓ.

Храна на која треба да се фокусирате е:

-кокосово масло, органски млечни производи (посебно путер), органски одгледано месо, морски плодови и супа од коски.

-органски одгледан зеленчук, а идеална би била супа од коски со зеленчук.

-црн дроб

Ограничете ги намирниците кои имаат висок удел на фитинска киселина како и преработена храна која може да направи дисбаланс на шеќерот во крвта.

Додатоци во исхраната кои треба да се земат во предвид:

-ферментирано масло од црн дроб од бакалар

-магнезиум – потребно за правилно користење на калциум и фосфор

-желатин – ако немате време за супа, тоа е добар избор бидејќи е одличен за непцата и дигестијата.

Share

Соработници и партнери