Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Зајакнете го имунитетот

Оваа смеса е одлична за есенски и зимски период кога организмот е подложен на секакви вируси и настинки. Сите состојки се едноставни и познати особено во народната медицина:лимон, ѓумбир и мед...

На сите им се познати корисните својства на лимонот кој покрај витаминот Ц содржи и органски киселини, одлично го зајакнува имунитетот и се препорачува при настинки. Ѓумбирот е апсолутно неверојатен и корисен корен. А за корисноста на медот, многупати сме говореле.

 

За подготовка на овој еликсир за здравје, вам ви се потребни:

 

2 помали или 1 поголем лимон, заедно со кора (непрскана или добро измиена со солена вода)

200 мл  мед

1 среден корен од ѓумбир

Стаклена тегла од 0,5 л

 

Подготовка:

Лимонот измијте го а ѓумбирот излупете го. Исечкајте ги и смелете ги во блендер или во машина за мелење месо. Додадете го медот, промешајте. Смесата ставете ја во чиста тегла, и затворете ја. Чувајте во фрижидер.

 

Употреба: За возрасни по 1 супена лажица дневно а за деца по 1 чајна лажичка.

Исто така, можете да го ставате во чај или други напитоци. Многу е вкусно а што е најважно-здраво!

Share

Соработници и партнери