Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Индиските ореви ќе ви го подобрат здравјето

Витамин Ц, Б1, Б2, Б6 и Е, како и нијацин, цинк, калиум, натриум, бакар, флуор, јод, железо и фосфор се содржат во плодот на егзотичната билка која е вистинска ризница на хранливи материи.

Индиските ореви се препорачуваат во случај на ментално напрегање, а особено на учениците и студентите, како и на оние лица кои подолго време седат пред компјутер.

Истражувањата покажале дека плодот на индискиот орев има антимикробно, антисептичко, противвоспалително, диуретичко, освежувачко и тонизирачко дејство, но и оти ја сузбива кашлицата, грозницата и грипот, го намалува нивото на шеќер во крвта, зголемениот крвен притисок и ги чисти цревата.

Овој вкусен јаткаст плод ефикасно ја уништува бактеријата хеликобактер пилори, причинител на чир на желудникот, а во неговата лушпа е откриена анакардична киселина, за која се смета дека ги убива канцерогените клетки.

Од листовите и кората на дрвото на индискиот орев се прави чај против дијареа, воспаление на крајници и ранички на слузокожата.

Сепак треба да се биде внимателен во конзумирањето бидејќи индискиот орев, како и другите плодови од овој вид, можат да предизвикаат алергиски реакции.

Share

Соработници и партнери