Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Сојата ја намалува плодноста кај мажите?

Неодамна беше објавено дека мажите кои секојдневно користат соја во исхраната, можат да бидат помалку плодни од оние кои не ја користат. Но завршената клиничка студија, вели дека е прерано да се донесуваат такви заклучоци и дека мажите воопшто не треба да го менуваат својот начин на исхрана, барем кога сојата е во прашање...

Најновата клиничка студија опфати 99 парови, кои имаат проблем со зачнување на дете. Мажите донираа примероци на сперма и пополнуваа прашалници за нивниот начин на исхрана во последните три месеци.

Научниците кои беа вклучени во студијата, предводена од доктор Jorge Chavarro од Харвардскиот универзитет, заклучија дека мажите кои секојдневно јадат соја или конзумираат млеко од соја имаат помал број на сперматозоиди во својата семена течност. Ваквата појава посебно е воочлива кај дебелите и гојазни мажи. Но научниците сепак тврдат дека ова е прелиминарна студија и резулатите не мора да се така драматични како што изгледаат.

Иако е утвредно дека бројот на сперматозоиди, кај оние мажи кои конзумираат соја е намален, сепак бројот е во границите на нормалното. Токму заради тоа се тврди дека нема потреба од менување на начинот на исхрана за зголемување на плодноста кај мажите.

Во текот на клиничкото истражување, исто така е забележано дека бројот на сперматозоиди не зависи од возраста, времето на апстиненција пред давањето на примерок, внесената количина на кофеин и алкохол и никотинската зависност.

Share

Соработници и партнери