Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Опивањето преку викенд опасно по животот

Конзумирањето на големи количини на алкохол за време на викендот скоро ја удвојува опасноста од смрт предизвикана од кардиоваскуларни напади во однос на конзумирањето распоредено преку цела недела...

Компаративното истражување, кое траело 10 години, е направено на околу 1000 мажи на возраст од 50 до 59 години во три француски града – Лил, Стразбур и Тулуз и во ирскиот Белфаст, пренесуваат француските медиуми. На почетокот од истражувањето во 1991 година, заклучено е дека испитаниците никогаш немале срцеви заболувања.

Во Франција, како што истакнаа научниците, конзумирањето на алкохол е распореден низ целата недела, додека во Белфаст, за пиење е резервирана сабота, што како што се покажало значајно влијаело на кардиоваскуларниот систем.

Додатното влијание на здравјето се должи на фактот дека во Франција помеѓу алкохолните пијалоци главно доминира виното (91.8% од населението), кое е добро за срцето, додека меѓу населението во Белфаст доминира конзумирањето на пивото (75.5%) и жестоките пијалоци (61.3%), додека виното го конзумираат помалку луѓе (27.4%).

Научниците ги предупредуваат конзументите на големи количини на алкохол и на опасноста од голем број други болести како што се цироза на црниот дроб, хроничен панкреатитис и повеќе видови на рак.

Share

Соработници и партнери