Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Телото ве издава

Доволно е да го погледнете лицето во огледало и да знаете какво здравје имате, тврдат експертите. Ако се сомневате дека вашето здравје не е во најдобар ред, понекогаш сосема е доволно и малку потемелно да се погледате во огледало за да видите што се случува во вашиот организам. Експертите тврдат дека неколку заболувања можат да се откријат едноставно со погледот во огледалото. ..

Очи 

Виснати капаци можат да упатуваат на мозочен удар и во ретки случаеви рак на белите дробови. 
Црвенилото во очите најчесто е безопасно. Сепак, ако забележите дека белките се често црвени, тоа може да биде поврзано со зголемен крвен притисок или висока темепратура. Црвенилото во очите може да биде последица на воспаление на рожницата на окото или алергиски коњуктивитис. 

Треперење на окото се јавува поради зголемен стрес. Доколку таа состојба трае подолго од седум дена, може да укажува на Мултиплекс склероза. 
Белиот прстен околу шареницата може да биде знак на зголемен холестерол. Освен тоа, на рабовите на капаците или на кожата околу очите можат да се појават мали бели точки кои се наслаги на холестеролот. 
Белите капаци се знак на анемија. Недостатокот на железо може да се воочи и во ушната шуплина, и на образите. Симптоми на анемија се слабост, несвестица и чувство на ладовина, а се открива едноставно со анализа на крвна слика. 

Кожа 

Црвенило на лицето може да укаже на срцеви заболувања, лупус или менопауза, акој е во прашање жена.
Отечено лице може да биде знак на ослабена работа на штитната жлезда, а како штитницата поспоро работи, метаболизмот се успорува. Тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина, вклучувајќи го и лицето. 
Болна и сува кожа која тера на чешање, обично е симптом на егзема. Меѓутоа и одредени лекови можат да предизвикаат чешање и чувство на непријатност на кожата. 

Усни

Суви, испукани и болни усни, можат да значат дека ви недоставува железо во крвта. Друга можна причина на овие симптоми е дијабетесот кој го прати жедта, заморот и често одењето во тоалет. 

Нос 

Тврдата кожа околу носот може да упати на хронично заболување кое се јавува поради запушување на крвните жили на лицето. Носот тогаш станува отечен. Лекарите советуваат избегнување на сонце, конзумирање зачинета храна и алкохол и изложување на сонце. 

Уши

Тумор - бениген или малиген - на надворешен слушен канал или во внатрешноста на увото може да предизвика увото да го промени обликот. Рагби играчите и боксерите се најдобри примери за тоа. 

Доколку забележите некои од овие промени веднаш консултирајте се со својот лекар.

Share

Соработници и партнери