Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Д-р Елена Арсова: време е за летен одмор и на вашата коса

Зошто косата станува седа кај мажите, колку е важно да ја негувате косата за време на летниот период, од што најмногу се оштетува и ред други прашања поврзани со трихологијата разговараме со д-р Елена Арсова, медицински директор во 101 Hair Clinic...

Зошто косата народски кажано белее или станува седа кај мажите? Може ли да ја спречиме појавата на седите влакна?

Д-р Елена Арсова: Годините и генетиката се двете основни причини за појава на седи влакна. Како што старееме, меланоцитите, клетките кои што произведуваат пигмент за влакното, исто така стареат и нивната функција престанува. Поради тоа влакното веќе не добива пигмент и израснува бело. Првите седи влакна почнуваат да се појавуваат уште во 30-тите години, особено во слепоочниот предел. Ако имаме поизразена генетска предиспозиција за побелување на косата , седи влакна може да се појават уште во 20-тите години од животот. Но освен гените и стареењето, постојат и други фактори кои детерминираат побелување на косата. Проблеми со тироидна жлезда, анемија, тешки нутритивни дефициенции, одредени метаболни заболувања исто така предизвикуваат побелување на косата. А, неколку мали студии покажаа дека цигарите имаат врска со побелувањето на косата веројатно поради зголеменото формирање на слободни радикали. Ако генетиката и стареењето не можеме да ги контролираме, во наша моќ е да го намалиме или прекинеме пушењето. Добра исхрана со многу антиоксиданси, малку шеќери, добар сон исто така помага во спречување на стареењето на целото тело, па и косата.

Колку седата коса претставува проблем кај мажите, како влијае на нив?

Д-р Елена Арсова: Секако дека е проблем и негативно се одразува на голем дел од мажите. Младите мажи седата коса ја доживуваат како знак на прерано стареење и тоа има влијание на нивната самодоверба. Нема маж кој на 25 години би прифатил да има седи влакна. Додека пак групата на возраст од околу 40 години нормално не се шокирани од појавата на седи влакна за да им делува на нивната перцепција за себе. Меѓутоа, добар дел од нив, кои се грижат за својот изглед и имиџ, сепак избираат да го зачуваат својот младешки изглед и да ги покријат седите влакна.

Има ли решение за седата коса, освен класичните фарби кои ја оштетуваат косата?

Д-р Елена Арсова: За мажите би препорачала производи за прогресивна, постепена репигментација на косата. Мажите не само што имаат поголемо побелување на косата од жените, туку и често имаат проретчена и ослабена коса. Затоа е потребно да се одбираат производи кои се нежни за влакното а нивната формула е блага, без хидроген, без амонијак и парабени. Производите за прогресивна репигментација содржат природен пигмент кој се апсорбира и акумулира во површинскиот слој на влакното и на тој начин му ја враќа природната бојата на влакното. Strategy производите за седа коса на природен начин го пигментираат влакното и делуваат само на седите влакна без притоа да ја променат бојата на  другата коса, не побелена коса. Значи не само што ја враќаат природната боја на косата туку и не го оштетуваат влакното.

Сме приметиле промена во бојата на косата во тек на летото, зошто се јавува таа промена и како делува сонцето на влакното? Се оштетува ли косата за време на летниот период?

Д-р Елена Арсова: Некои од зраците од сончевиот спектар имаат бенефити но некои , како УВ зраците, не. УВА и УВБ зраците можат да го оштетат  стеблото на влакнотот од кутикулата па до длабоките слоеви Нашиот природен пигмент на влакното, меланинот всушност има заштитна функција. Под дејство на УВ зраците се разградува, намалувајќи го нивниот штетен ефект на влакното. Но како последица на разградувањето на пиментот меланин, косата осветлува. Производи за косата со УВ заштита се императив во денешно време. УВ факторот треба да биде 10-15 за ефективна заштита. Има многу производи во форма на спреј, серум, крема со заштитен фактор. Сите овие производи се нанесуваат и не се испираат, знаци leave-in производи. Освен косата треба даго заштитиме и скалот задолжително. Носењето капа е секако одлична опција затоа што директно се заштитува и косата и скалпот. Мажите особено треба да посветат внимание на заштита со капа или директно со крема за сончање на скалпот. Сепак, умереното изложување на сонце преку лето всушност помага на растот на косата. Витаминот Д кој се создава кога сме изложени на сонце, делува на кератиноцитите, клетките на влакното, да го иницираат циклусот на раст на влакното и да стимулира раст на косата.

Што е со проблемот на истенчување на косата ? Дали косата старее? Колку е важно да се користат третмани за да се зајакне косата?

Д-р Елена Арсова: Здравјето и убавината на косата треба да сеодржжува и негува. Како што нашето тело и кожа се менуваат со текот на години така и косата претрпува промени и во структурата и во густинатата. Едноставно косата старее со текот на годините. Некои промени се реверзибилни но некои можат да остават трајни последици. Ако станува збор за губење и ослабнување на косата, третмани за раст накосата со ласерска биостимулација ,мезотерапија, хербални тоници се неопходни. Тие современи третмани клинилки докажано делуваат на подобрување на функцијата на коренот и стимулација на растот на косата. Ласерската биостимулација со 400 диоден ласер е неприкосновен третман секако подржан и со адекватна локална терапија која го храни коренот и влакното. Микронидлинг мезотерапијата пак е одличен anti-age третман кој ќе ја ревитализира целата коса и скалп.

Кај некои пациенти нема можност за да се спаси и зајакне косата па мора да е направи трансплатација, кои се последните иновации?

Д-р Елена Арсова: Природниот изглед е дефиниција за успешна и модерна трансплантација на коса. Иновациите се насочени во правец на усовршување на ФУЕ техниката и трансплантирање на фини микрографтови, и тоа усовршување не само во однос на инструментите туку и вештините на хирургот. Фоликулите кои се користат за трансплантација, адекватна инсерција на фоликулите, големината на фоликулите и изборот на техниката на трансплантација се меѓу одлучувачките фактори за природен изглед на трансплантацијата на коса. Еден од најзначајните критериуми за природен изглед е успешно изведена фронтална линија. Треба да се нагласи дека само искусен специјалист пластичен хирург може да ги земе во предвид овие критериуми, да го направи планирањето и да ја изведе трансплантацијата. Поради тоа, тајната на природниот изглед лежи во изборите направени од специјализираниот хирург чија експертиза е трансплантацијата на косаи кој ги следи трендовите в трансплантацијата. Во поново време се работи доста и на клонирање или подобро репликација на матичните клетки на влакното, што ќе претставува иднината во трансплантацијата на коса.

За крај ваши совети во однос на косата, како да се негува за да остане здрава во летниот период.

Д-р Елена Арсова: Дајте и летен одмор и на вашата коса! Одморете ја од агресивни шампони. Користете благ шампон во летниот период особено додека сте на одмор. Во лето ја миеме косата почесто или секој ден додека сме на одмор па благ нутритивен шампон е одличен избор.  За мажите е доволен само добар шампон а жените мора да користат и длабински кондиционирачки маски за коса. Во тек на лето оставете ги топлинските апарати. Честото фенирање, пеглање на косата уште повеќе ќе го дехидрираат влакното.  Изберете едноставна летна фризура која не бара премногу обликување. Мажите исто така треба да изберат едноставна фризура. Ако се одлучите за многу кратка фризура, задолжително носете шапка која ке овозможи лесно циркулирање на воздух. Никако не користете масла на косата пред изложување на сонце, само после сончање.Пред пливње во базен или море,можете да ставите хидратантна маска или малку масло на косата. Пред и после пливање измијте ја со нормална, слатка вода. Вашата коса и скалпќе ја запомти секоја минута која ќе им ја посветите.

Share

Соработници и партнери