Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Лимонот ќе ви помогне да бидете поубави

За лимонот е добро познато дека изобилува со витамин Ц и е одличен како додаток во исхраната, но ова извонредно овошје може да се користи и како природна состојка за нега на вашата убавина.

Решение за акни и митесери
Лимоновиот сок ефикасно ја чисти кожата. За борба против акните и митесерите, исечкајте еден лимон и со парчињата истријте ја кожата на целото лице, со исклучок на пределот околу очите.

Со лимонот може да додадете и малку мед, кој е одличен за хранење на кожата, а резултатите од оваа комбинација ќе бидат брзо видливи. Откако ќе ги нанесете, оставете да делуваат 5-10 минути, па потоа исплканете го лицето.

Побели заби
Направете домашно средство за избелување на забите од сода бикарбона и лимонов сок. Измешајте ги заедно и нанесете ги на забите со помош на стапче за уши. Оставете да отстои една минута и потоа измијте ги забите со четка.

За осветлување на косата
Наместо да користите фарби и разни други хемикалии за осветлување на косата, постигнете го саканиот ефект со лимон! Додадете лимонов сок во вашиот регенератор и поседете на сонце неколку часа пред да ја исплакнете косата. По неколку повторувања, вашата коса ќе добие значајно посветла нијанса.

За помеки усни
За да го ублажите проблемот со испукани усни, истријте ги со парченце лимон, а потоа исплакнете ги. На овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки, а вашите усни ќе бидат мазни и меки.

Единствено мора да запомните дека лимоновиот сок не смеете долго да го држите на вашата кожа, бидејќи после некое време киселината ќе почне да ја оштетува вашата кожа, особено ако сте изложени на сонце.

Share

Соработници и партнери