Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Како се молат хороскопските знаци

Овен
Господе, те молам дај ми трпение, ама ако може веднаш!

Бик
Господе помогни ми да ги прифатам промените во животот, но не мора да брзаш бидејќи моментално правам вечера...

Близнаци
Ох Боже или можеби Божица...каде си...која си...како се викаш? Кој ти е телефонскиот број? Каде и кому да се помолам?

Рак
Те молам, Господе, да ја чуваш мајка ми, станот и татковината, додека сум на пат. (Мамо, знам дека не треба да бидам толку зависен од тебе, ќе одам на пат и нема да бидам тука три дена. Ќе ти се јавам утре, во вторник, среда и во четврток, веднаш кога ќе се вратам)

Лав
Господе, татко мој, ќе бидеш горд на мене, ќе им покажам на сите дека сум подобар од сите браќа и сестри.

Девица
Боже, те молам направи светот да биде подобар и те молам концентрирај се додека го правиш тоа. Последниот пат направи многу грешки.

Вага
Разбирам, Боже, се’ ми е јасно, знам како одлуките и изборот мора да бидат мои. Во ред, Ок е, ако ти така велиш.

Шкорпија
Господе, помогни ми да им простам на луѓето кои ме повредиле; не дозволувај тоа да го заборавам и потсети ме од време на време да им вратам.

Стрелец
Единствен, семоќен, сезнаен, возвишен, семожен, вечен, мој, само мој Боже! Те молам веќе билион пати: помогни ми да не претерувам во животот!

Јарец
Мил мој Боже. Немам што да ти барам. Се’ што треба ќе направам самостојно. Како и да е, фала ти што си тука покрај мене.

Водолија
Господе, знам дека ги слушаш моите мисли и знам дека не треба посебно да те повикувам.Викендов правам забава, па баш ќе ми биде мило ако дојдеш!

Риба
О Боже, ти на небото, ветувам дека веќе нема да плачам, лелекам или пијам; смилувај се и помогни ми само уште овој пат.

 
 
Share

Соработници и партнери