Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Шампањ - добар за душа, но и за срце

Пред новогодишните празници добивме одлична причина за наздравување со чаша шампањско. Имено научниците тврдат дека ова пенливо вино е одлично за здравјето на срцето и мозокот и ги има истите благотворни дејства како и црвеното вино...

Британските научници открија дека шампањското е богато со полифеноли за кои се верува дека ги прошируваат крвните садови и со тоа го намалуваат притисокот на срцето и мозокот.

Научниците исто така веруваат дека благотворните дејства на шампањското не се ограничени само на скапите примероци, туку истите се среќаваат и кај ефтините пенливи вина.

Истражувањето се одвиваше со цел да покаже дека две чаши вино се добри за срцето и циркулацијата. Полифенолите се корисните состојки кои во големи колични се среќаваат во црвенотот вино, но не и во белото. Но шампањското воглавно се прави од мешавина на црвено и бело грозје, па и во неговиот состав се среќаваат корисните полифеноли.

Полифенолите ги има и во чајот, маслиновото масло, лукот, брокулата и боровинките.

Share

Соработници и партнери