Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Кантарионот како лек за депресија

Според едно германско истражување, кантарионот не само што е лек за стомачни проблеми и површински рани, туку е ефикасен и во лекувањето на тешките облици на депресија...

Доктор Klaus Linde, кој го спроведе истражувањето заедно со колегите од Универзитетот во Минхен, дошол до овие резултати преку анализа на 29 истражувања во кои се споредува дејството на кантарионот со дејството на некои антидепресиви. Овие истражувања се извршени на 5500 пациенти, кои пателе од тешки облици на депресија.

При тоа кантарионот не само што се покажал делотворен во лекувањето, туку неговата употреба како лек ги дала истите резултати како и антидепресивите, кои досега се користеа за лекување на тешка депресија.

Освен тоа користењето на кантарионот, за разлика од антидепресивите јавува многу помалку несакани ефекти. Токму затоа, во Германија кантарионот редовно им се препорачува на пациентите заболени од депресија.

Share

Соработници и партнери