Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА ОД БУЧАВА

Под слоганот „Да не ја игнорираме бучавата! од страна на ПРЕВЕНТУС Скопје се одржаа едукативни предавања од д-р сци Гордана Ристовска, Институт за јавно здравје на Република Македонија и креативна работилница на тема „Заштита од бучава“.

Бучавата е еден од физичките фактори, присутен во животната средина, која ако ги надминува граничните вредности ќе предизвика негативни здравствени ефекти кај експонираната популација.

За разлика од некои други опасности во животната средина, бучавата има тенденција на пораст поради интензивниот процес на урбанизација, технолошкиот развој, порастот на популацијата, густата населеност и зголемената густина на сообраќајот. Таа предизвикува не само директни, туку и кумулативни негативни здравствени ефекти врз здравјето на луѓето, врши деградација на специфичните животни средини како што се средините за учење и одмор и доведува до економски загуби.

Share

Соработници и партнери