Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

За Превентус Скопје

Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните  ПРЕВЕНТУС Скопје е самостојно, непартиско, секуларно, непрофитно здружение чија што цел е да врши едукација за здравствена превенција и социјалната заштита на граѓаните во Република Македонија.

Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните  ПРЕВЕНТУС Скопје е отворено за сите здруженија и граѓани чија што цел е промовирање на општествено - здравствени вредности помеѓу луѓето без разлика на пол, род, национална, верска, расна или друга припадност.

Цел на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните  ПРЕВЕНТУС Скопје е да врши едукација и да наоѓа практични решенија во областа на здравството и социјалната политика, да промовира, развива и воспоставува квалитетен и здрав живот на граѓаните во Република Македонија во сите општествено - социјални и културни сфери значајни за нивниот развој и придонес кон општеството.

Целите и задачите на ПРЕВЕНТУС Скопје се:

  • Промоција, превенција и заштита на здравјето на граѓаните;
  • Промовирање на здравствените права на граѓаните и на донесување на одлуки во општеството;
  • Здравствена едукација на граѓаните;
  • Превенција на заболувањата;
  • Сузбивање на дискриминацијата;
  • Спортот и здравјето;
  • Застапување на интересите на граѓаните на кои им е потребна медицинска помош;
  • Семејно насилство;
  • Сексуална злоупотреба;
  • Соработка на локално, национално и на меѓународно ниво со здруженија на граѓани, фондации, институти, институции и со корпоративен сектор;
  • Образовни и едукативни проекти од областа на здравствената заштита;
  • Подобрување на свеста и навиките во поглед на превентивната медицина- правилна исхрана и планирање на семејството;
  • Организирање на донаторски акции;
  • Организирање на семинари за едукација и отворање на можности за   вработување;
  • Поттикнување основање на трговски друштва кои преку својата дејност ќе овозможат остварување на целите и задачите на здружението;
  • Заштита на животна средина;
  • Подобрување на јавно информирање.

Органи на ПРЕВЕНТУС Скопје се:

  • Собрание на ПРЕВЕНТУС Скопје;
  • Извршен директор на ПРЕВЕНТУС Скопје;
  • Управен одбор на ПРЕВЕНТУС Скопје;
  • Надзорен одбор на ПРЕВЕНТУС Скопје;
  • Претседател на ПРЕВЕНТУС Скопје;
  • Потпретседател на ПРЕВЕНТУС Скопје;
  • Генерален секретар на ПРЕВЕНТУС Скопје;
  • Здравствено - научна комисија на ПРЕВЕНТУС Скопје.
Share

Соработници и партнери