Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Дурекс #DoNotDisturb сака да го оставите телефонот

Не е новост дека луѓето имаат секс цело време… со или без нивните смартфони. За таа цел, Premier и TMW Unlimited се здружија и ја лансираа кампањата #DoNotDisturb (не вознемирувај) за брендот Дурекс. #DoNotDisturb е социјален експеримент, кој истражува како исклучувањето на смартфоните може да им помогне на паровите повторно да се поврзаат и да уживаат во летниот секс. Експериментот однесе шест парови на одмор и ги принуди половината парови да се откажат од своите смартфони и лаптопи во моментот кога пристигнаа во хотелот... 

Истовремено, Premier и TMW Unlimited започнаа да го документираат експериментот со видеа.

Секако, многу очигледниот заклучок кој го изведе студијата беше дека паровите кои беа слободни од технолошките уреди се поврзале повеќе за време на нивниот одмор, повеќе ги ценеле содржините од одморот и најверојатно имале повеќе и подобар секс.

Кампањата и експериментот беа инспирирани од анкета спроведена од Дурекс, каде резултатите покажаа дека 52% од луѓето очекувале да имаат подобар секс за време на летните одмори, додека пак 60% изјавиле дека нивниот одмор не ги исполнил овие нивни очекувања. 40% изјавиле дека имала помала шанса да иницираат секс доколку нивниот партнер е со телефонот во кревет, а 57% изјавиле дека ќе бидат повеќе “загреани” за секс доколку нивниот партнер го исклучи телефонот. Загрижувачко е што 41% од испитаниците признале дека, дури и за време на одморот, често се наоѓале во ситуација кога двајцата партнери се во кревет и се концентрираат на своите мобилни уреди.

Со други зборови, “експериментот” беше повеќе како илустрација на овие резултати, меѓутоа од друга страна пак го отсликува загрижувачкиот тренд кај паровите, особено кај помладите парови, кои поминуваат повеќе време на мобилниот телефон, отколку со партнерот.

https://www.youtube.com/watch?v=5b4fN-Q7MDs

https://www.youtube.com/watch?v=0ybVnw3X5Yg

Share

Соработници и партнери