Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Светска банка: 700 милиони жени жртви на семејно насилство

Над 700 милиони жени во светот се жртви на семејно насилство од страна на партнерот, особено во јужна Азија и Африка, се наведува во последниот извештај на Светската банка.

„Насилството засновано на полот претставува глобална епидемија која најмногу ги опфаќа жените во сите региони во светот", се истакнува во извештајот на Светската банка.

Според извештајот, 43 жени во јужна Азија, во Индија и во Пакистан претежно, претрпеле телесно или сексуално насилство од страна на сопругот или од партерот, барем еднаш во текот на животот. Процентот е само малку помал во субсахарска Африка и на Блискиот исток, околу 40 отсто, во јужна Америка изнесува 33 отсто, додека 30 отсто од жените се подложени на семејно насилство во регионите на источна Азија и Пацификот, се вели во документот. Во северна Америка 21 отсто од жените претрпеле насилство од партнерите. Во извештајот, меѓутоа, нема податоци за состојбата на семејното насилство во Европа.

Доколку овој тренд продолжи, повеќе од 142 милиони жени ќе се омажат пред да наполнат 18 години во текот на следната деценија. Веќе денес, петина од девојките помлади од 18 години во земјите во развој добиваат дете, а повеќето смртни случаи на девојките на возраст од 15 до 19 години се токму поврзани со проблеми во текот на бременоста.

Веројатноста дека девојка ќе се омажи млада е двапати поголема во семејствата кои се сиромашни отколку во оние со подобра материјална состојба. И насилството, исто така, е почесто и побрутално кога станува збор за сиромашни брачни двојки.

Врз примерок од 33 земји во развој, во извештајот на Светската банк асе оценува дека 41 отсто од жените во светот не би се осмелиле да побараат од својот партнер да користи презерватив. Реиси третина не смеат да одбија сексуален однос кога тоа партнерот ќе го побара, а бројката на овој показател се подигнува на 70 отсто кога станува збор за Мали, Сенегал и Нигерија.

Во извештајот, Светската банка ја нагласува важноста од образование на девојките и младите жени, имајќи предвид дека и во оваа студија с покажало дека оние коишто се малку или воопшто не се образувани се изложени на многу поголем ризик да бидат принудени да се омажат млади, млади да имаат деца, повеќе се изложени на семејното насилство, живеат во сиромаштија и немаат право на глас кога станува збор за трошоци во домаќинствата или за грижата за нивното сопствено здравје.

 

 
Share

Соработници и партнери