Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Новиот смртоносен вирус Мерс закана за светот?

Лекари и експерти за инфективни болести денеска остварија средба во Светската здравствена организација во Лондон за да разгледаат дали смртоносниот вирус кој се појавил на Блискиот исток во 2012 година претставува опасност која бара меѓународно ангажирање.

Претставници на СЗО изјавија дека состанокот се одолжил повеќе од што се очекувало и заклучоците од состанокот ќе бидат соопштени утре на конференција за новинарите.

Малку познатиот блискоисточен респираторен синдромоднел 152 животи откако првпат се појавил во Саудиска Арабија во 2012 година, а се проширил по регионот и имало некои случаи во Европа, Азија и САД.

Со него се заразени повеќе од 500 луѓе само во Саудиска Арабија. Стапката на смртност изнесува 30 отсто од заразените, информираРојтерс.

Експертите се уште го проучуваат овој вирус и против кого се уште не постои  вакцина наводи АФП.

Овој нов вирус предизвикува поголема смртност и од вирусот САРС.

 

Share

Соработници и партнери