Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Лечењето на враснати нокти преку иновативната метода Аркада достапна на Балканот

Нехируршкиот  третман на враснати нокти Аркада на пациентите на Балканот достапен во 101 Фоот клиниките. Еминентниот експерт и едукатор за оваа метода, Даниел Абраткиевич во дводневна посета на 101 Фоот клиниката во Скопје ќе го обучува медицинскиот тим за трајно решавање на овој проблем кај заболените...

„Вистински предизвик е да се соработува со професионалец како Абраткиевич затоа што по долго истражување во Аркада методот  и Аркада тимот ја препознавме иновативноста и ефикасноста која ја бараме. Пациентите ќе бидат задоволни бидејќи ќе добијат можност за третман кој веднаш им ја отстранува болката, им го исправува ноктот за само еден месец и со тоа трајно го решаваат проблемот,  нивниот болен нокт повторно ќе има природен и естетски изглед“, изјави д-р Елена Арсова, медицински директор на 101 Clinic.

По револуционерните Pythium производи за лекување на габична инфекција,  Клиниката се соочила со потребата да воведе третман за враснати нокти, кој ќе биде успешен, безболен, нехирууршки и удобен за пациентот.  Аркада методот се применува во Полска, Чешка, Англија, Русија, Белорусија, Украина, Холандија, Данска, Италија,Шведска, Франција,Белгија.

„ Со задоволство прифатив да соработувам со 101 Фоот клиниките  затоа што на пациентите од целиот Балкан ќе им понудиме уникатен третман. Аркада е единствената процедура во светот која ги елиминира проблемите предизвикани од враснатите нокти.  Дефинитивно на сите пациенти преку методата им се враќа удобноста и здравјето на стапалата.“, додава Даниел Абраткиевич, експерт и едукатор за Аркада методот.

101 клиниката е лидер на Балканот користејќи најсовремени дијагностички методи, ефикасни клинички докажани производи и напредни технолошки достигнувања во третирањето на проблемите со коса, стапала и кожа.

 

 

Share

Соработници и партнери