Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

10 причини поради кои се јавуваат враснатите нокти

Враснатите нокти може да предизвикуваат силна и непријатна болка и да го отежнат движењето и вршење на секојдневните обврски. Постојат повеќе фактори кои придонесуваа за појава на враснати нокти. Треба да бидете внимателни и да препознаете кога да побарате стручно лице за да ве прегледа и да го третира проблемот...

„Иако враснувањето на ноктите секој пациент може лесно да го препознае, за жал не се обраќаат навреме кај стручно лице. Најчесто пробаат сами да гоисечат ноктот што резултира со уште поголемо влошување на состојбата, со инфекција, гноење и интензивна болка. Навремен преглед и адекватен третман кај стручни особи овозможува брзо и ефикасно решавање на проблемот со враснување. Иако постојат повеќе причини за појава на враснување на ноктот, единственото решение е соодветен стручен третман “ вели д-р Елена Арсова, медицински директор на 101 Foot Clinic.

Издвојуваме 10 причини кои се имплицирани во развојот на враснатите нокти:
1. Неправилно сечење на ноктите, Сечење во V облик, кружно или прекратко сечење ќе предизвика подудирање, испакнување на мекото ткиво и можност да се остави врв од ноктот кој е тешко да се отстрани што резултира со воспалителна реакција. Правилен начин за сечење е рамно и подолго од лежиштето на ноктот.
2. Неадекватни неудоби чевли. Ноктната плоча може да биде истисната од ноктните жлебовите под дејство на притисокот од чевли кои се претесни или прекратки кај палецот. Константниот притисок на лежиштето и жлебовите на ноктот резултира со пукање на ноктот, формирање спикули и инфламаторен процес.
3. Неправилност на ноктната плоча во вид на зголемена закривеност, зголемена курватура на ноктот, како пинцер нокт, деформитети од претходна траума или некоја патологија на коските
4. Прекумерно потење. Забележано е дека враснувањето е често кај тинејџери и војници , кај кои е присутно екцесивно потење. што резултира со омекнување на нокотните набори и на ноктот. Со допринос на физичка активност или спортувањето, се појавуваат остри врвови кои лесно го пробиваат омекнатиот епидермис.
5. Зголемена телесна тежина. Дебелината може да ги продлабочи нокотните жлебови и да предиспонира враснување на ноктите
6. Лекови ( антивирална терапија за ХИВ) Индинавир е репортирано дека има асоцијација со зголеемна инциденца на враснуваЊе. Циклоспорин, доцетаксел, орални антифунгални лекови и ретионоиди предизвикуваат екцесивна гранулација на нокотниот набор и евентуално враснување
7. Генерализирано зголемена хипермобилност на зглобови поради што се менува биомеханиката на стопалото и последователно се зголемува притисокот на средниот дел од стопалото и на зглобовите меѓу прстите и стопалото па предиспонира враснување на палецот
8. Онихомикоза. Габичната инфекција на ноктите се манифестира со крти нокти кои се кршат и формираат спикули од ноктот и го продупчуват наборот
9. Наследни фактори, кај особи кои генетски имаат закривени нокти со дисторзија на ивиците на ноткот
10. Патолошки халукс валгус интерфалангеален агол поголем од 14.5

Share

Соработници и партнери