Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Жито Лукс донира производи за бездомниците

Жито Лукс донира производи за помош на бездомните лица погодени од ниските температури и снежните врнежи. Помошта се состои од прехранбени производи со кои ќе се задоволат дневните потреби на овие лица и истата ќе биде доставена до пунктовите за згрижување бездомници: Црвен Крст - Момин Поток, Центар за згрижување 25ти Мај - Бутел и Завод за згрижување Ранка Милановиќ...

„Помош за социјално загрозените лица во државата, деца и возрасни и воопшто секаде каде е потребно е основната компаниска определба на Жито Лукс. Така, помошта и за бездомните лица кои се особено погодени од ниските температури и временските услови претставува дел од нашата грижа за заедницата. Ги следиме настаните во нашата околина и настојуваме да помогнеме каде што е најпотребно и со оваа донација сакаме да ги поттикнеме сите кои можат да помогнат, да го сторат истото“, изјавија од Жито Лукс.

Со падот на температурите и интензивните врнежи од снег, бездомните лица се директно и најмногу погодени. Жито Лукс, како и секој пат, излегува пресрет покажувајќи ја својата грижа и општествено одговорна страна.

 

Share

Соработници и партнери