Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Која мајка пее, ги ублажува своите породилни болки

Британските експерти со последното истражување открија дека пеењето за време на бременоста помага како на мајката, така и на бебето, а причината лежи во хормоните и дишењето...

Пеењето на прво место и помага на мајката да се отпушти. Освен тоа предизвикува пријатни емоции и го зголемува нивото на хормоните ендорфин и серотонин, познат како хормон на среќата.

Експертите откриле дека песните помагаат во изградбата на тесна врска меѓу мајката и бебето уште во утробата, помагајќи на нероденото бебе да го препознава гласот на својот родител.

Пеењето е корисно и за самото раѓање, бидејќи развива различни техники на дишење, со што се намалува болката за време на самото раѓање. Научниците советуваат идните мајки да изберат едноставни песни. Бидејќи колку се полесни за пеење, толку подобро се примаат од бебето.

Одлучете само која песна ќе ја изберете.

Share

Соработници и партнери