Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Кај Чехинка измерени рекордни 7.6 промили алкохол

Своевиден рекорд, кој за малку ќе ја чинел живот оствари една 41-годишна Чехинка откако во болница и биле измерени 7,6 промили алкохол во крвта...

Жената во болница била примена во бесвесна состојба и лекарите не можеле да им поверуваат на своите очи кога виделе колкаво количесво алкохол има во крвта.

-Имаше опасност од тотално откажување на функциите на организмот. Лекарите ја ставија на сите потребни апарати, изјави за порталот „Иднес“ портпаролот на болницата, Мартин Шалек, веднаш по приемот.

Пациентката, сега е надвор од животна опасност.

Само за илустрација, кај една жена со тежина од 70 килограми за да се измерат 7,5 промили алкохол во крвта потребно е за пет часа да испие 28 големи чаши жесток алкохол. Толкаво количество алкохол испарува за повеќе од 50 часа.

Вредноста од 7,6 промили е досега најголемо количество алкохол кое е измерено во крвта кај жена во земјата.

Апсолутен рекордер е еден земјоделец на кого, во 2005 година, му беа измерени речиси осум (7,94) промили алкохол.

За светски рекордер, наводно, е прогласен еден Полјак, кому му биле измерени 12,3 промили.

 
Share

Соработници и партнери