Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Студентите едуцираа за Светскиот ден на СИДА-та

Сојузот на студенти по медицина во соработка со Студентскиот Парламент на Универзитет „Св.Кирил и Методиј" и асоцијацијата Х.Е.Р.А. со поддршка од брендот Дурекс, Светскиот ден на СИДА-та го одбележаа со акцијата „Уживај во животот, преземи контрола, СТОП СИДА!“. Тие пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дистрибуираа едукативни материјали и кондоми Дурекс за студентите.Пред академските граѓани, на Правен Факултет „Јустинијан I“, од страна на претставниците на Х.Е.Р.А. беше одржана трибина како и едукативни предавања за средношколците од скопските средни училиште „Здравко Цветковски" и  „Зеф Љуш Марку“...

Повеќе: Студентите едуцираа за Светскиот ден на СИДА-та

Жито Лукс донираше производи за децата со и без хендикеп од Театар без дискриминација „Игри без маски“

Пакетчиња со производи од Жито Лукс, додели компанијата за повеќе од 200 деца со и без хендикеп дел од Театар без дискриминација „Игри без маски“. Со ова Жито Лукс го одбележа 20-ти Ноември, Светскиот Ден на детето. Пакетчињата им беа врачени на децата за време на дводневниот национален избор на традиционалниот драмски фестивал кој се одржа на 22ри и 23ри ноември во Драмски театар Скопје...

Повеќе: Жито Лукс донираше производи за децата со и без хендикеп од Театар без дискриминација „Игри без...

Одбележан Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Клиниката за детски болести Скопје преку кампањата Шанса за живот иницирана од компанијата ОКТА го одбележа Светскиот ден на предвремено родени бебиња, 17ти ноември. По тој повод, околу триесет деца, некогашни пациенти на Клиниката за детски болести, заедно со нивните родители беа специјални гости на настанот организиран во Cineplexx. Децата имаа можност да се забавуваат, да цртаат, бојат, се дружат меѓусебно и потоа го гледаа најновиот долгометражен цртан филм, Снупи и Чарли Браун...

Повеќе: Одбележан Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Моември: Бесплатни прегледи за коса за граѓаните во City Mall

Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус во соработка со центарот за коса 101 Hair Clinicкако дел од кампањата Моември во сабота, 14 ноември, од 13 часот во т.ц. City Mall организираат бесплатни прегледи за коса за мажите...

Повеќе: Моември: Бесплатни прегледи за коса за граѓаните во City Mall

Жито Маркети донираа во кумановската болница

Со новата донација од кампањата „Навика да добивам повеќе“, Жито Маркети продолжуваат со своите општествено одговорни активности во општините низ Македонија. Овој пат, четвртата донација по ред, беше наменета за потребите на Јавната Здравствена Установа Општа Болница во Куманово. Притоа, беше доставена донацијата од неопходен болнички материјал, посочен од одговорните во Болницата, како што се перници и ќебиња, распоредени во различни оддели во оваа здравствена установа...

Повеќе: Жито Маркети донираа во кумановската болница

Жито Лукс донира брашно цела година во Интернатот за деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев“

Во рамки на кампањата „Храна подарена од срце“, компанијата Жито Лукс во текот на целата година е донатор во неколку институции за згрижување на социјално ранливите категории.

Кампањата „Храна подарена од срце“ е одговор на потребата од донации на основниот прехранбен продукт за социјалните институции и установи. Интернатот за деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев“ во село Љубанци е една од Институциите кои се дел од оваа кампања...

Повеќе: Жито Лукс донира брашно цела година во Интернатот за деца од социјално загрозени семејства „Гоце...

Соработници и партнери