Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

„АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ – ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Следењето на светските трендови во фармацијата и производство на ценовно достапни,  квалитетни, ефикасни и безбедни  лекови кај кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања за 2017 година (CAPEX), „Алкалоид АД Скопје“ успешно ги реализираше планираните инвестициски активности во нови производни капацитети во рамки на профитниот центар Фармација. 

Повеќе: „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ – ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

ПериМак- Надеж за најмалите пациенти во Македонија

Од 21 до 23 ноември во Хотел Александар Палас Скопје, како и 24 и 25 ноември, во зградата на Министерство за здравство на РМ, повеќе од 250 македонски гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози и интензивисти како и медицински сестри ќе бидатдел од обуките за најновите методи за клиничка дијагностика како и пред и пост натална грижа. Обуките ќе ги одржуваат истакнати професори од Амстердам.

 

Овој настан е дел од ПериМак Проектот, партнерство помеѓу Министерството за здравство на РМ, Проект ХОПЕ Македонија и Проект ХОПЕ Германија.

Обуките се поддржани од страна на Алкалоид АД Скопје.

ПериМак Проектот е започнат во почетокот на 2016 година од страна на Проект ХОПЕ во партнерство со Министерството за здравство. Основна цел на проектот е зголемување на стапката на преживување кај пред време родените бебиња во Македонија, во одредени тежински групи и до 30 %. Досега, во рамките на проектот  се започна со подобрување на условите, капацитетите и експертизата во Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“- Чаир и ЈЗУ Универзитетската Клиника за Детски болести, Скопје - оддел за интензивна нега,со цел создавање на “Perinatal Centres of Excellence“.Една од целите на проектот е да се овозможи на медицинскиот кадар во болниците да третираат специфични патологии и состојби на високоризични бремености, како и прематурни и ризично родени новороденчиња што поефикасно. За оваа цел, најсовремена медицинска опрема во вредност од околу 1 милион евра веќе е донирана, од страна на Проект ХОПЕ Германија до двете болници, како и мал дел до Клиничка болница Тетово.Дополнително, неколку доктори од идните експертски центри веќе поминаа обуки од по неколку недели во Универзитетските Болници во Амстердам и Бон.Во планот на ПериМак, е во проектот да се вклучи уште најмалку една болница во текот на наредната година.

Со цел во проектот да се вклучат колку е можно повеќе болници и медицински професионалци од целата држава, Prof. Dr. van GeijnиProf. Dr. Harrie Lafeber од Универзитетската Болница во Амстердам и Ms. Nicolien Lafeber, професор по Респираторна грижа на Amstel Academy, Free University Amsterdam, ќе бидат во Скопје и ќе одржат серија обуки/ работилници за медицински професионалци од различни институции на четири различни теми од полето на пред и пост натална грижа.

За Проект ХОПЕ

Основана во 1958 и присутна во Македонија од 1993 година, Проект ХОПЕ е лидер во глобален развој на здравството и програми за одговор на кризи. Проект ХОПЕ е интернационална невладина организација чија цел е спасување животи и подобрување на здравствена грижа, со посебен акцент на здравјето на жените и децата. Нашата мисија ја остваруваме преку подобрување на знаењето, способностите и алатките кои ги користат здравствените работници при пружање грижа. Со програми во повеќе од 30 држави во светот, работиме во епицентарот на денешните најголеми здравствени предизвици, вклучувајќи инфективни и хронични болести, елементарни непогоди и здравствени кризи, здравје на мајки, новороденчиња и деца, како и на здравствени политики и протоколи кои влијаат напружање здравствена грижа.

Повеќе информации за Проект ХОПЕ можете да најдете на: www.projecthope.org , www.projecthope.de, како и да не следите на Twitter @projecthopeorgи Facebook : https://www.facebook.com/ProjectHOPEorg/ и https://www.facebook.com/projecthopeorgMacedonia/.

Градоначалникот на Загреб во посета на „Алкалоид“

Делегација од канцеларијата на хрватската метропола, предводена од градоначалникот на Загреб, г. Милан Бандиќ, во рамки на посетата на Скопје за време на УЕФА Супер Купот 2017, oствари работна посета на „Алкалоид AД Скопје“

Повеќе: Градоначалникот на Загреб во посета на „Алкалоид“

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 9%, продажби во В.Британија од 127,9 милиони денари, раст на консолидираната нето добивка од 11% и 54 нови вработувања во периодот јануари – јуни 2017-та

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех...

Повеќе: „Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 9%, продажби во В.Британија од 127,9 милиони...

Мукаетов на 4-тиот Самит за Западен Балкан во Трст

Ние треба да покажеме дека имаме капацитет да одиме напред. Самитот во Скопје ќе опфаќа конкретни решенија за поврзувањето“

Во рамки на 4-тиот Самит за Западен Балкан кој се одржа во...

Повеќе: Мукаетов на 4-тиот Самит за Западен Балкан во Трст

Поддршка на граѓанското општество во креирање на политики за социјална кохезија и диверзитет

Кампањата “Гледај со срцето, прифати ја различноста” е посветена на лицата со посебни потреби и нивните можности и таленти. Видеото e работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет од Скопје, Ангела Николовска и Марија Михајловска, а под менторство на доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска. 

Повеќе: Поддршка на граѓанското општество во креирање на политики за социјална кохезија и диверзитет

Соработници и партнери