Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

ПериМак- Надеж за најмалите пациенти во Македонија

Од 21 до 23 ноември во Хотел Александар Палас Скопје, како и 24 и 25 ноември, во зградата на Министерство за здравство на РМ, повеќе од 250 македонски гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози и интензивисти како и медицински сестри ќе бидатдел од обуките за најновите методи за клиничка дијагностика како и пред и пост натална грижа. Обуките ќе ги одржуваат истакнати професори од Амстердам.

 

Овој настан е дел од ПериМак Проектот, партнерство помеѓу Министерството за здравство на РМ, Проект ХОПЕ Македонија и Проект ХОПЕ Германија.

Обуките се поддржани од страна на Алкалоид АД Скопје.

ПериМак Проектот е започнат во почетокот на 2016 година од страна на Проект ХОПЕ во партнерство со Министерството за здравство. Основна цел на проектот е зголемување на стапката на преживување кај пред време родените бебиња во Македонија, во одредени тежински групи и до 30 %. Досега, во рамките на проектот  се започна со подобрување на условите, капацитетите и експертизата во Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“- Чаир и ЈЗУ Универзитетската Клиника за Детски болести, Скопје - оддел за интензивна нега,со цел создавање на “Perinatal Centres of Excellence“.Една од целите на проектот е да се овозможи на медицинскиот кадар во болниците да третираат специфични патологии и состојби на високоризични бремености, како и прематурни и ризично родени новороденчиња што поефикасно. За оваа цел, најсовремена медицинска опрема во вредност од околу 1 милион евра веќе е донирана, од страна на Проект ХОПЕ Германија до двете болници, како и мал дел до Клиничка болница Тетово.Дополнително, неколку доктори од идните експертски центри веќе поминаа обуки од по неколку недели во Универзитетските Болници во Амстердам и Бон.Во планот на ПериМак, е во проектот да се вклучи уште најмалку една болница во текот на наредната година.

Со цел во проектот да се вклучат колку е можно повеќе болници и медицински професионалци од целата држава, Prof. Dr. van GeijnиProf. Dr. Harrie Lafeber од Универзитетската Болница во Амстердам и Ms. Nicolien Lafeber, професор по Респираторна грижа на Amstel Academy, Free University Amsterdam, ќе бидат во Скопје и ќе одржат серија обуки/ работилници за медицински професионалци од различни институции на четири различни теми од полето на пред и пост натална грижа.

За Проект ХОПЕ

Основана во 1958 и присутна во Македонија од 1993 година, Проект ХОПЕ е лидер во глобален развој на здравството и програми за одговор на кризи. Проект ХОПЕ е интернационална невладина организација чија цел е спасување животи и подобрување на здравствена грижа, со посебен акцент на здравјето на жените и децата. Нашата мисија ја остваруваме преку подобрување на знаењето, способностите и алатките кои ги користат здравствените работници при пружање грижа. Со програми во повеќе од 30 држави во светот, работиме во епицентарот на денешните најголеми здравствени предизвици, вклучувајќи инфективни и хронични болести, елементарни непогоди и здравствени кризи, здравје на мајки, новороденчиња и деца, како и на здравствени политики и протоколи кои влијаат напружање здравствена грижа.

Повеќе информации за Проект ХОПЕ можете да најдете на: www.projecthope.org , www.projecthope.de, како и да не следите на Twitter @projecthopeorgи Facebook : https://www.facebook.com/ProjectHOPEorg/ и https://www.facebook.com/projecthopeorgMacedonia/.

Share

Соработници и партнери