Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 10%, продажби во В.Британија од 67,4 милиони денари, раст на консолидираната нето добивка од 11% и 30 нови вработувања во периодот јануари – март 2017-та

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 1.781.320.547 денари, што е за 11% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 342.090.242 денари, бележи зголемување од околу 12%, единечната нето добивка изнесува 203.498.490 денари и е зголемена за 9%.

Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.332.909.055 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 11%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 9%. Од вкупните консолидирани продажби,38% се остварени на домашен пазар, додека 62% се остварени на странски пазари.Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 30%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 8%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 23% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: В.Британија со продажби од 67.462.665 денари што претставува раст од 4.275%, Русија раст од 36%, Романија раст од 63%, Словенија раст од 28%, Хрватска раст од 5%, Унгарија раст од 369%, Чешка раст од 467%, Албанија раст од 11% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 20%, Кардиолошките препарати со 17%, Невролошките препарати со 13%, Антибиотиците заземаат 15% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 4%, Козметика со 8% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 389.086.951 денари бележи раст од 12%, додека нето консолидираната добивка во износ од 231.180.196 денари е зголемена за 11%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - март 2017 година изнесуваат 128.227.342 денари.

Во периодот јануари - март 2017 година во Алкалоид се реализирани 30 нови вработувања во Република Македонија.

Share

Соработници и партнери