Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Празнична донација од Жито Лукс за граѓани во неповолна социјална состојба

Како дел од кампањата „Храна подарена од срце“, компанијата  Жито Лукс и оваа година продолжува со донации за лицата на кои им е најмногу потребна помош. Кампањата е специјално создадена и наменета за помош на установи каде се згрижени граѓани од социјално ранливи категории...
 
Покривањето на потребите од свеж леб во текот на цела година е добредојдено и стимулативно за целосното функционирање на иституциите и установите кои згрижуваат деца и граѓани од социјално ранливите категории. Преку донации на свои производи во повеќе инститиции и здруженија, дел од кампањата „Храна подарена од срце“ која започна минатата година, компанијата Жито Лукс ја продолжува и оваа година.  Со овој ангажман, компанијата  придонесува и за подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на повеќе  деловни субјекти во општествено хумани активности. 
 
По повод новогодишните и божиќните празници, компанијата Жито Лукс ја реализираше и својата прва донација оваа година, која ја намени во јавната кујна во Велес.
 
„Помошта за социјално загрозените лица е дел од нашата компаниска, но и индивидуална определба како вработени на Жито Лукс. Секојдневно следиме што се случува во нашата околина и помагаме онаму кај што е потребно, со што се надеваме дека барем малку ги оттргаме од нивните секојдневни грижи.  На повеќе наврати со и без повод, Жито Лукс дава помош за сите лица кои се во неповолна социјална состојба“, изјавија од  Жито Лукс АД Скопје.
 
Оваа донација е само една од активностите што ги презема Жито Лукс за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории. Со ваквата акција, компанијата уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на активности од хуманитарен карактер како дел од стратешките цели на својата работа.
Share

Соработници и партнери